Мауро Сантамброџо
Мауро Сантамброџо (италијански: Mauro Santambrogio; р. 7 октомври 1984 во Ерба) — италијански професионален друмски велосипедист, кој последно возел за професионалната континентална екипа Вини Фантини-Селе Италија. КариераОткако го напуштил БМЦ на крајот на сезоната 2012, Сантамброџо ѝ се приклучил на екипата Вини Фантини-Селе Италија. Имал изненадувачки почетоко на сезоната, завршувајќи шести на Тур де Сан Луис, седми на Тирено-Адријатико и победил на ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано во услови на пороен дожд. Се одвоил од групата со Патрик Зинкевиц, но Зинкевиц паднал на 2 километри пред целта, по што Сантамброџо продолжил сам до целта и до победа на трката.[1] Потоа, Сантамброџо завршил втор во генералниот пласман на Џиро дел Трентино. На Џиро д’Италија, Сантамброџо ја освоил етапата 14 откако нападнал со предводникот на трката Винченцо Нибали, искачувајќи се на четвртото место во генералниот пласман и само една секунда од место на подиумот зад Ригоберто Уран. Меѓутоа, формата на Сантамброџо ослабела и на крајот завршил деветти во генералниот пласман. Изненадувачките резултати на Сантамброџо предизвикале озборувања помеѓу групата за допинг во почетокот на трката. На 3 јуни 2013 било објавено дека Сантамброџо бил позитивен на тестот за еритропоетин (ЕПО) по првата етапа на Џиро д’Италија. Ова се случило неколку недели откако неговиот колега Данило ди Лука бил исфрлен од Џиро поради позитивен тест на истото средство.[2][3] Сантамброџо бил исто така исфрлен од екипата.[4] Достигнувања
Распоред на резултати на Гранд Тур
СО = се откажал; ДСК = дисквалификуван Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia