Џиро ди Ломбардија 2012
![]() Џиро ди Ломбардија 2012 или Il Lombardia 2012 било 106. издание на еднодневната велосипедска трка Џиро ди Ломбардија, често нарекувана како Трка на лисјата што паѓаат. Била одржана на 29 септември на растојание од 251 километар, започнувајќи во Бергамо и завршувајќи во Леко. Била претпоследна трка од сезоната во Светската турнеја. Многу стрмното искачување Муро ди Сормано се вратило на патеката во текот на изданието од 2012 откако не било присутно скоро педесет години и се наоѓало пред искачувањето Мадона дел Гизало.[1] Хоаким Родригес (Катјуша) ја освоил трката по соло-бегството преземено на последното искачување на трка. Тој станал првиот Шпанец кој го победил овој класик.[2] ЕкипиБидејќи трката била одржана во рамките на Светската турнеја, сите осумнаесет ProTour екипи биле повикани автоматски. Биле поделени седум дополнителни покани – Аква & Сапоне, Андрони Џокатоли-Венецуела, Колнаго-ЦСФ Бардијани, Колумбија-Колдепортес, Фарнезе Вини-Селе Италија, Аргос-Шимано и Утенсилнорд-Нејм – со што ја создале групата од 25 екипи.[3] Резултати
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia