Мајкл Ман
Мајкл Кенет Ман (англиски: Michael Kenneth Mann; роден на 5 февруари 1943 година) ― американски режисер, сценарист и продуцент, познат по неговиот специфичен стил на криминалистичка драма.[1] Негови најпознати дела се филмовите „Крадец “ (1981), „Ловец на луѓе“ (анг: Manhunter) (1986), „Последниот мохиканец“ (1992), „ Врелина“ (1995 година), „Инсајдер“ (1999), „Колатерал “ (2004) и „Државни непријатели “ (2009). Како извршен продуцент е познат по популарната ТВ серија Пороците на Мајами (1984–89), која ја адаптирал во игран филм од 2006 година. За неговите дела, бил номиниран од меѓународни организации и жирија, меѓу кои и Британската академија за филмска и телевизиска уметност, Канскиот филмски фестивал и Академијата за филмски уметности и науки. Како продуцент, Ман двапати бил номиниран за Оскар за најдобар филм, прво за „Инсајдер“, а потоа и за „Авијатичар“ (2004), кој прво требало да го режира Ман за потоа проектот да му биде доделен на Мартин Скорсезе. Total Film во 2007 година го ставил Ман на 28-мо место на нивната листа од 100 најдобри режисери во историјата,[2] а Sight and Sound го рангирал на 5-то место на нивната листа од 10 најдобри режисери во последните 25 години (за годините 1977-2002 ). БиографијаМајкл Ман е роден на 5 февруари 1943 година во Чикаго[3] во семејство на украински Евреин, учесник во Втората светска војна.[4][5] По дипломирањето на Универзитетот во Висконсин,[6] заминал во Лондон за да студира филмска уметност. Таму се запознал со други современици како Ридли Скот, Алан Паркер и Адријан Лејн, со кои работел заедно на реклами и кратки документарни филмови. Филмски стил и тематикаНегов заштитен знак се филмови со силно осветлени ноќни сцени и необична музика, како на пример Tangerine Dream во „Крадец“ и музиката во Ловец на луѓе. Во многу филмови (Последниот мохиканец, Врелина, Ловец на луѓе, Инсајдер, пороците на Мајами) негов стил е да се прикаже главните ликови како гледаат во водени пространства додека донесуваат важни одлуки кои влијаат врз заплетот. Филмовите на Ман при снимање на звуци од пукотници се истакнуваат со реализам, а тој претпочита да користи необработени аудио снимки од сцената, наместо звучен микс. Во многу негови филмови пред продукцијата на акционите сцени, глумците посетуваат курсеви за ракување со оружје и за прецизно да го доловат звукот на боева муниција во сцените пукаат со „ќорци“.[7] Филмографија
Награди и номинации
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia