Мери Бошкова
Мери Бошкова (Битола, 2 мај 1924 - Скопје, 25 март 2014) — македонска театарска, телевизиска и филмска глумица, доајен на македонската глумечка уметност.[1] ЖивотописБошкова е родена во Битола на 2 мај 1924 година. Таа ја играла насловната улога во првиот македонски долгометражен игран филм „Фросина“ (1952) на режисерот Воја Нановиќ, како и во првата македонска филмска комедија „Мирно лето“ (1961)[2], во режија на Димитрие Османли. Добитничка е на најголемите признанија во нејзината богата глумечка кариера: Стериината награда за ликот на мадам Дибоа („Еригон“ од Јордан Плевнеш), како и голем број на високи сојузни и републички признанија - награда на Владата на ФНРЈ, Владата на НРМ, наградите „11 Октомври“ и „13 Ноември“, наградата за животно дело и др. Таа заедно со глумиците: Нада Гешоска, Милица Стојанова и Љупка Џундева се смета за една од најпознатите и најангажирани актерки и бардови на македонското глумиште. Со своите први настапи во родната Битола, го свртела вниманието на публиката и критиката. Таа е носител на главните рољи со кои се прославила и во Македонскиот народен театар во Скопје: Живка во „Госпоѓа министерка“ од Бранислав Нушиќ, Дездемона од Шекспир, Бароница Кастели во „Господа Глембаеви“ и „Нора“ од Хенрик Ибзен. Скоро една деценија живеела и творела во Драмата на Народниот театар во Белград, каде се прославила со: „Коштана“ од Бора Станковиќ, „Тетовирана ружа“ од Тенеси Вилијамс и др. По враќањето во Скопје, таа била носител на главните улоги на македонската сцена сè до пензионирањето, но сепак не се повлече. Таа останува со својата животна улога на Живка Министерка, со која творба се вброила меѓу најдобрите улоги на југословенската сцена. Освен на „даските што значат живот“, таа била активна и во радио драмите, ТВ драмите, како и на филмскиот екран. Нејзина последна филмска глумечка творба е на филмскиот екран во филмот на Димитрие Османли, „Ангели на отпад“. Мери Бошкова починала на 25 март 2014 година во Скопје.[3] Погребана е на градските гробишта Бутел во Скопје.[4] Филмографија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia