Микаела Полин Шифрин (англ. Mikaela Pauline Shiffrin; родена на 13 март 1995 година во Вејл, Колорадо) е американска скијачка, двократна олимпискашампионка, шесткратна светска шампионка (рекорд меѓу сите северноамерикански скијачи), трикратен победник во Светскиот куп во генералниот пласман (2016/17, 2017/18, 2018/19), повеќекратен победник во фазите од Светскиот куп (второ место на вечната листа по бројот на победи во женска конкуренција по Линдзи Вон). Единствен спортист кој успеал да победи на 4 последователни светски првенства во алпско скијање во истата дисциплина (слалом - 2013, 2015, 2017, 2019 година).[2][3] Шифрин, со 18 години и 345 дена, е најмлад шампион во алпска дисциплина на Олимписките игри.[4][5][6][7]
Со освојувањето на својот втор олимписки златен медал во велеслалом 2018 година, Шифрин се изедначила со Тед Лигети и Андреа Мид Лоренс по бројот на освоени олимписки златни медали од американски олимпиец во алпско скијање. Таа е една од 5-те Американки кои ја освоиле титулата во генерален пласман на Светскиот куп. На Светските првенства, таа е најодликуваната американска алпска скијачка во историјата, со најмногу освоени медали (11 вкупно), меѓу кои рекордни шест злата.[8] Таа е исто така првата и единствената спортистка (во машка или женска конкуренција) која победила во сите шест дисциплини од ФИС Светскиот куп во алпско скијање. Победила во трките од Светскиот куп во слалом, паралелен слалом, велеслалом, супервелеслалом, спуст и алпска комбинација. Таа е најмладата скијачка (во машка или женска конкуренција) која успеала да победи на 50 трки од Светскиот куп, на возраст од 23 години и 9 месеци.
Победила на 73 трки од Светскиот куп, и е на второ место на вечната листа на алпски скијачи во таа конкуренција, меѓу кои се 47-те победи во слалом на светскиот куп (најмногу победи во слалом во машка или женска конкуренција). Таа е единствената спортистка (во машка или женска конкуренција) која победила на 15 трки во една календарска година, со победата на последниот слалом од сезоната во 2018 во Семеринг и го надминала Марсел Хиршер. Во сезоната 2019 станала првата спортистка (во машка или женска конкуренција) која победила на 17 трки од Светскиот куп во текот на една сезона, соборувајќи го рекордот од 14 победи кој што Френи Шнајдер го држела 30 години. Со освојувањето на злато во слалом на Светското првенство во 2019 година, таа станала првата алпска скијачка која го освоила светското првенство во истата дисциплина на четири последователни првенства.
Шифрин за прв пат настапила на Светското првенство во 2013 година во Шладминг, Австрија, и завршила на шесто место во велеслаломот во Планаи. Два дена подоцна во слалом, станала светски првак на 17 години.[9]
година
Возраст
Слалом
Велеслалом
Супервелеслалом
Спуст
Комбинација
2013
17
1
6
-
-
-
2015
19
1
8
-
-
-
2017
21
1
2
-
-
-
2019
23
1
3
1
-
-
2021
25
3
2
3
-
1
Олимписки резултати
Шифрин била фаворит за победа во слаломот на Зимските олимписки игри 2014 година во Сочи, Русија. Водела по првото возење, а во второто за малку ќе паднела но сепак победила. Со тоа, на три недели пред својот 19-ти роденден, таа станала најмладата шампионка во слалом во историјата на Олимпијадите.[5][6][7] Три дена претходно, го освоила петтото место во велеслалом.[10]
На Зимските олимписки игри 2018 во Пјонгчанг го освоила златниот медал во велеслалом и сребрениот медал во комбинација.[11] Во слалом завршила на 4-тото место и покрај тоа што била главен фаворит за златниот медал.[12]