Максимум 320 (подоцна изменето на 350 од Меѓународната скијачка федерација) места биле достапни на спортистите за настап на Игрите. Можеле да настапат максимум по 22 натпреварувачи од поединечен Национален олимписки комитет и тоа максимум 14 мажи или 14 жени. Имало два квалификациски стандарда за Игрите: олимписка норма „А“ и олимписка норма „Б“.[3]
Земји-учеснички
Било предвидено да настапат 332 спортисти од 74 земји, каде што бројот на спортисти е даден во заградите. Четири земји се квалификувале за Зимските олимписки игри по првпат и оттука ќе настапат во алпско скијање по првпат исто така: Малта, Источен Тимор, Того и Зимбабве.[4] Исто така, Венецуела и Тајланд ќе го имаат своето олимписко деби во овој спорт. Индиските спортисти ќе настапат како Независни олимписки учесници, бидејќи Индискиот олимписки комитет е моментално суспендиран од Меѓународниот олимписки комитет.[5]