Алпско скијање на Зимските олимписки игри
Алпското скијање се одржува на секои Зимски олимписки игри од 1936, кога алпската комбинација била одржана на игрите во Гармиш-Партенкирхен, Германија. Од 1948 до 1980, Зимските олимписки игри исто така служеле како Светско првенство во алпско скијање во олимписките години. За време на овој период, освојувачите на олимписки медал добивале дополнителен медал со иста боја од страна на Меѓународната скијачка федерација (FIS). Натпреварите по велеслалом биле воведени на Светското првенство во 1950 година и на игрите во 1952 година; двете програми ја отстраниле алпската комбинација, но оваа дисциплина се вратила на Светското првенство во 1954 година како трка на "хартија", користејќи ги резултатите од слаломот, велеслаломот, и спустот. На игрите од 1956 до 1980, медалите за алпска комбинација ги доделувала Меѓународната скијачка федерација. Како посебна дисциплина (една трка спуст, две трки слалом), алпската комбинација се вратила на игрите во 1988 година, на кои исто така била воведена трката во супервелеслалом. На игрите во 2010 во Ванкувер, на официјалната програмата била воведена супер комбинацијата која се состои од една трка спуст и една трка слалом и се одржува во еден ден. На врвот на табелата на медали на сите времиња во машка конкуренција се наоѓа норвежанецот Кјетил Андре Омот кој има освоено вкупно осум олимписки медали (од кои четири златни), а во женска конкуренција водач на табелата е хрватката Јаница Костелиќ која има освоено вкупно шест олимписки медали (од кои четири златни). Домаќини
Дисциплини
Табела на медалиНационалните олимписки комитети напишани со коси букви повеќе не се натпреваруваат на Зимските олимписки игри
^ Германија се натпреварувала на Зимските олимписки игри под различни имиња; сите од нив се истакнати посебно. На Германија и било забрането да настапува на игрите во 1948, а во 1952 настапила како Германија, иако со само натпреварувачи од Западна Германија. Од 1956 до 1964, Западна Германија и Источна Германија се натпреварувале под името Обединета екипа на Германија. Од 1968 до 1988, двете држави настапувале посебно. По обединувањето на Германија во 1990 година, бил возобновен германскиот тим кој обединет се појавил на игрите во 1992 година. До 2014, Германија има освоено вкупно 40 медали во алпско скијање (17 златни, 13 сребрени, 10 бронзени). РекордиНеколку рекорди во поглед на годините биле поставени на Зимските олимписки игри 2014:
Останати претходно поставени рекорди:
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia