Светско првенство во алпско скијањеСветското првенство во алпско скијање е натпревар во алпско скијање организиран од Меѓународната скијачка федерација (ФИС). ИсторијаПрвото светско првенство во алпско скијање се одржало во 1931 година. Во текот на 1930-тите, првенството се одржувало секоја година во Европа, а по избувнувањето на Втората светска војна било прекинато. Во 1941 година се одржало првенство, но учествувале скијачи само од државите на Оската или од држави кои не биле во војна со нив. ФИС во 1946 година не ги признала резултатите од тоа првенство поради ограничениот број учесници, и затоа не се сметаат за официјални.[1] По војната, првенствата биле поврзани со Олимписките игри неколку децении. Од 1948 до 1982 година, првенството се одржувало во парни години, а Зимските олимписки игри воедно биле и Светски првенства до 1980 година, и посебно првенство се одржувало во парни неолимписки години. Првенството во 1950 година во САД во Аспен било прво светско првенство одржано вон Европа. Алпската комбинација била отфрлена по 1948 и бил воведен велеслаломот во 1950 година. Комбинациите се вратиле на светските првенства во 1954 година како трка во која се пресметувале резултатите од три дисциплини: спуст, велеслалом и слалом. За време на олимписките години од 1956 до 1980 година, ФИС доделувал медали за комбинација на Светското првенство, но победниците не добивале олимписки медали. Комбинацијата како одделна дисциплина се вратила во 1982 година со две возења во свој спуст и слалом, а Супервелеслаломот бил додаден на програмата во 1987 година. (И двете дисциплини биле додадени на Олимпијадата во 1988 година.) Во 1983 и 1984 година немало Светски првенства, а од 1985 година, тие се закажуваат во непарни години, независно од Зимските олимписки игри. Список на првенства
Список на земји домаќиниВкупно дванаесет земји биле домаќини на Светското првенство во алпско скијање. Светско првенство на јужната полутопка се одржало само еднаш, во август 1966 година во Портило, Чиле. Списокот не го вклучува неофицијалното првенство од 1941 година.
Скијачи со најмногу поединечни медалиМажи
1 Забелешка: Медали освоени во 1930-тите, кога првенството се одржувало секоја година. Жени
Скијачи со најмногу победиТоп 10 скијачи повеќекратни освојувачи на златни медали на Светското првенство во алпско скијање (вклучително и во тимски настани). Активните скијачи се означени со задебелени букви и највисокиот број на медали меѓу сите скијачи (вклучувајќи ги и оние кои не се вклучени во овие табели) по тип. Мажи
Жени
Медали по земјаТабелата ги вклучува медалите освоени на девет Зимски олимписки игри од 1948 до 1980 година, иако тоа воедно биле и Светски првенства.
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia