Тетовирање (филм)
Тетовирање — македонски драмски филм од 1991 година, режиран од Столе Попов. Главните улоги ги толкувале: Мето Јовановски, Столе Аранѓеловиќ, Љиљана Меѓеши, Јовица Михајловски, Кирил Поп Христов, Светозар Цветковиќ, Зоран Цвијановиќ, Александар Чамински, Ванчо Петрушевски, Ѓорѓи Колозов, Петре Арсовски, Данчо Чевревски, Благоја Чоревски, Младен Крстевски, Стево Спасовски, Милица Стојанова, Шишман Ангеловски, Лиле Георгиева и Александар Шехтански во главните улоги.[1] За овој филм, Столе Попов бил награден со наградата „Златна мимоза“ на Филмскиот фестивал во Херцег Нови во 1991 година, во категоријата за најдобра режија.[1] Неслужбено, Тетовирање е и првиот македонски филм понуден за номинација за престижната филмска награда Оскар, но не бил прифатен од Академијата.[2] СодржинаДејството на филмот се одвива во летото 1989 година и го следи животот на работникот Илија (го игра Мето Јовановски), кој по низа апсурдни настани, иако потполно невин, завршува во затвор, обвинет за убиство, а подоцна и убиен од еден специјалец. Илија, кој и инаку, според својот нескротлив темперамент како да е предодреден да биде во судир со службените сили што го „штитат“ поредокот односно комунистичкиот режим во распад. По една караница со сопругата (ја игра Љиљана Меѓеши) го напушта домот со единственото што го поседува, празниот куфер.[1] Откако им станува сомнителен на двајца полицајци кои го забележуваат на железничката станица, завршува во Истражниот затвор, каде е подложен на „усно и физичко мачење“.[1] Иако малтретиран од затворските чувари и вистинските злосторници и иако дел од една истражна постапка која непрестајно е одолговлекувана, невиниот Илија оправдано очекува да биде ослободен од причини што, покрај својата невиност, на негова страна го има и таткото на неговата жена, кој е познат адвокат. Во меѓувреме, по еден од судирите, борејќи се за сопствениот живот во тепачка со криминалецот Љупчо (го игра Александар Чамински) — кој потоа, не по вина на Илија, им подлегнува на повредите — обвинет е за убиство и е упатен на издржување на затворската казна. „Со тоа, односот меѓу сопружниците добива нова, дури и побогата димензија; миговите на посети од страна на неговата сопруга му даваат на Илија сила да истрае и да се бори за ревизија на постапката.“[1] Сепак, еден ден, Илија е вовлечен во бегството на затвореникот Змија (го игра Јовица Михајловски) и, при тоа, убиен е од специјалец со куршум испукан во челото на сликата на Исус — истетовирана на неговите гради. Улоги
Реакции и наградиРеакции„Тетовирање“ зборува за беспрекорноста на функционирањето на апсурдот, репресијата и насилството[1] и е еден од најпопуларните македонски филмови кога и да е снимени. Роберт Алаѓозовски, во својот есеј „Маргиналните слоеви и поновиот македонски филм“, дава позитивен оглед на филмот велејќи дека „стремејќи се кон една кафкијанска атмосфера и кон еден бекетовски апсурд, дејствието во филмот се интензивира и згуснува, преминувајќи час врз судбината на главниот лик час врз преостанатите, мешајќи ситуации на комични гегови, разуздан гнев и апсурдни чинови, а сето тоа надополнувајќи го со документаристичка веродостојност и издржана метафорика, при што некои ситуации се директна пародија на востоличени филмски клишеа, како што е смртта на главниот јунак“.[3] Денес, „Тетовирање“ има култен статус, а истовремено низа реплики од филмот во изминативе децении се станати дел од вокабуларот на помладите генерации.[се бара извор] НаградиФилмот и екипата што учествува во неговата реализација се добитници на низа награди:[4]
Белешки
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia