Милошево
Милошево — село во Општина Крушево, во околината на градот Крушево. Географија и местоположба![]() Ова мало село се наоѓа во јужниот рамничарски дел на Општина Крушево.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 650 метри. Од градот Крушево селото е оддалечено 13 километри.[2] Милошево е мало потпланинско село на средина на патот помеѓу Пресил на југ и Свето Митрани на север.[3] Селото има низински тип и куќите му се поредени покрај патот во насока север-југ.[3] ИсторијаСелото е основано во 1923 година од колонисти во Далмација, населени на утрина (земја за пасење). Тогаш селото било основано во самата Пелагонија, 2 километри источно од денешното место (близу Крушеани). Меѓутоа, мештаните таму не можеле да живеат поради поплави. Во 1939 година, населението било преместено на денешното место.[3] Во 1941 година било укинато името Милошево и се водело како маало на соседното Пресил.[3] Во 1942 година, Милошево имало девет српски домаќинства. Тогаш, бугарските окупатори во секоја куќа го убиле домаќинот, а жените и децата ги протерале.[3] Населбата била обновена по Втората светска војна од мештаните кои се вратиле. Тогаш, селото повторно го вратило својот статус на село.[3] СтопанствоБидејќи Милошево има заеднички атар со селото Пресил, за него нема одделни податоци за аграрната структура, односно не се води посебна катастарска евиденција.[2] Население
Селото е мало и во 1961 година броело 79 жители, од кои 63 биле Македонци, а 16 жители Срби, а во 1994 година 60 жители, од кои 51 Македонци, а 9 жители Срби.[2] Според пописот од 2002 година, во селото Милошево живееле 50 жители, од кои 38 Македонци и 12 Срби.[4] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 42 жители, сите Македонци. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиМилошево е македонско-српско село.[3] Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1952 година родови во селото се:
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Крушево, која била една од ретките општини во Македонија која не била изменета при територијалната поделба во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на тогашната Општина Крушево. Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крушево. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Кривогаштани, во која покрај селото Врбоец, се наоѓале и селата Годивје, Кореница, Кривогаштани, Крушеани, Локвени, Милошево, Свето Митрани и Турско. Селото влегувало во рамки на Општина Свето Митрани во периодот 1950-1952, кога во нејзе се наоѓале селата Врбоец, Милошево, Пресил и Свето Митрани. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 1200 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватен објект.[9] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 40 гласачи.[10] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 40 гласачи.[11] Културни и природни знаменитости
Галерија
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia