Трстеник (Крушевско)Оваа статија се однесува на поранешно село во Крушевско. За останати истоимени села, погл. Трстеник.
Црквата „Св. Василиј“ во месноста Трстеник
Трстеник — некогашно влашко село во близината на Крушево. ГеографијаСелото се наоѓало непосредно јужно од градот Крушево. ИсторијаВо XIX век селото ѝ припаѓало на Битолската каза. Според Стојан Романски, Трстеник бил основан на Власи, преселени од Москополе (Албанија) и некои села во Епир. Главно занимање на населението било калајџиството.[2] Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Трстеник (Trasténik) имал 65 домаќинства и 65 жители Македонци.[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Трстеник имал 95 жители, сите Власи христијани.[5] Подоцна жителите на селото се иселиле, претежно во Крушево и Прилеп.[2] Почнувајќи од 1995 г. во месноста Трстеник е изградена црквата „Св. Василиј Велики“, која е осветена во 2008 г.[6][7] Изградена е врз темелите на старата селска црква.[8]. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia