Според истражувањата од 1973 година, родови во селото се
Чивлачани (12 к.), Црнкинци (22 к.) и Дрипановци (17 к.) сите живеат во свои посебни маала, кои ги носат имињата по родовите. Сите три рода во селото се доселенички со непознато потекло. А помеѓу овие родови има и домазети од селата Герман и Криви Камен.[9]
Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:
Најстари Доселеници:Курбалијци (5 к.) наведениот род потекнува од основачот на селото Милутин. Од некаде од Србија се доселиле тројца браќа, Гина, Љуба и Милутин. Тие основале три села (Гиновци, Љубинци и Милутинце).
Доселеници:Реканци (2 к.), Парлевци (1 к.), Чоклинци (6 к.), Пупуњци (3 к.), Чукарци (2 к.), Тораци (4 к.), Кукавци (1 к.), Ѓусинци (3 к.), Цепењаци (2 к.) и Калејци (2 к.) доселени се, но не знаат од каде; Ќеловци (4 к.) доселени се во 1820 година од околината на Кратово; Џалинци (1 к.) доселени се во 1830 година од селото Радибуш; Црнкарци или Сулинци (7 к.) доселени се околу 1835 година од селото Црн Врв, недалеку од Кратово; Маџурци (6 к.) доселени се околу 1840 година од околината на Врање во Србија.[10]
Самоуправа и политика
Селото се наоѓа во Општина Ранковце, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка, додека во периодот по војната од 1957 до 1962 година селото се наоѓало во рамките на некогашната општина Ранковце, каде што се наоѓало и во периодот 1955-1957.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Петралица, во која покрај Милутинце се наоѓале и селата Баратлија, Гиновци, Криви Камен и Петралица. Самата Општина Петралица била дел од Кривопаланечката околија. Општината Петралица постоела и во периодот 1950-1952 година.
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 март 2013.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“