П’клиште
П’клиште — село во Општина Ранковце. Географија и местоположбаСелото е сместено во крајниот северозападен дел на Општина Ранковце. Селото е високопланинско со куќи од раштркан тип, сместено на надморска височина од 1150 до 1250 метри. Од општинското средиште Ранковце е оддалечено 20 километри, од кое води асфалтен пат. ИсторијаНаселбата потекнува од доцноантичко време, што се гледа од наоѓалиштата Селиште и Градаш. Селото во последниот период се преобразува во туристичка населба, при што од страна на општината бил донесен урбанистички план и се отпочнала постапката за продавање на плацеви за изградба на викендички. Планот опфаќа површина од осум хектари.[2] СтопанствоСелото има претежно шумарско-поледелска дејност и најмногу се одгледува компир и житарици, додека од добиток, претежно говеда и овци. Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[3] Бројот на населението во селото отсекогаш бил мал, но денес селото е на прагот на целосно раселување, при што со пописот од 2002 година се запишани само 30 жители.[4] Сите се Македонци, а по вероисповед православни христијани. Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 16 жители, сите Македонци. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиП’клиште е македонско православно село, сите родови во селото се доселенички. Родови во П’клиште се: Петровци (7 к.), Падинци (14 к.) и Чурчици (2 к.), сите овие родови се доселенички со непозната старина. Родот Петровци е најстар во селото и го знаат следното родословие: Ќиро (жив на 60 г. во 1973 година) Кузман-Карафил-Спасо-Величко-Иван, основачот на родот кој се доселил.[9] Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:
Самоуправа и политикаСелото се наоѓа во Општина Ранковце, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка, додека во периодот по војната од 1957 до 1962 година се наоѓала во некогашната општина Ранковце. Во рамките на општина Крива Паланка се наоѓало во периодот 1955-1957. Во периодот 1952-1955, селото припаѓало на Општина Герман, во која покрај Радибуш се наоѓало и селото Герман. Самата Општина Герман била дел од Кривопаланечката околија. Општината Герман постоела и во периодот 1950-1952 година. Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia