Михаил Сматракалев![]() Михаил Сматракалев (Ангел Жаров) — македонски национален деец, поет, раскажувач и публицист. Роден е на 15 декември 1910 година во Сер, денес во егејскиот дел на Македонија, но уште како дете бил принуден да се пресели во Бугарија, каде го поминал животот. Дипломирал на Правниот факултет во Софија и долги години работел како адвокат, а бил и судија. Неговата адвокатска канцеларија во Софија брзо станала собиралиште на други македонски доселеници. Во 1931 година, тој станал член на ВМРО (Обединета). Во 1932 година, тој станал член на ЦК на ВМРО (Об.), а во 1934 година, тој бил избран за секретар за агитација и пропаганда. Во 1938 година, заедно со уште неколкумина Македонци, го основал Македонскиот литературен кружок.[1] Сматракалев бил особено близок со Никола Вапцаров и неговото семејство. Кога овој ја објавил својата стихозбирка „Моторни песни“, Сматракалев бил единствениот што објавил критички осврт на новоиздаденото дело. Михаил Сматракалев во 1993 година добил македонско државјанство, врачено директно од рацете на тогашниот македонски претседател Киро Глигоров. Бил прогласен и за почесен член на Друштвото на писателите на Македонија. Починал на 16 април 1998 во Софија.
МислиНа забелешките на неговите противници дека многумина револуционери велеле дека се Бугари, Сматракалев ќе одговорил: Претставете си една картонска кутија на која пишува ’Бугарин‘, а што има во кутијата не ве интересира. Ние, за разлика од вас, го фрламе картонот и се интересираме за суштината што е во него. Не гледаме што пишува на капакот од сандакот, туку го отвораме и внимаваме што има внатре. [3] Творештво
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia