Михајло Миноски
Михајло Миноски (роден на 18 октомври 1938 година во Долгаец, Прилепско) —универзитетски професор (во пензија) [1], уредник на тематската област „Античка и средновековна историја, историја на турскиот период (посебно XIX и XX век); религии (ереси и секти), историја на црквите во Македонија“ на Македонската енциклопедија, заедно со проф. д-р Шукри Рахими. ЖивотописСе школувал во Прилеп и Скопје, дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје на групата Историја. Работел како професор по историја, а извесен период работел и во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Магистрирал на истиот факултет во 1975 година, а докторирал во Белград во 1981 година. За наставник на Катедрата за историја на Филозофскиот факултет во Скопје бил избран во 1986 година каде што останал до пензионирањето како редовен професор. Главен интерес на неговите научни истражувања е политиката на големите сили и соседните балкански држави спрема Македонија во текот на XIX и XX век и борбата на македонскиот народ за национално ослободување и независна држава. Автор е на повеќе од 200 научни трудови: книги, статии и прилози. Позначајни дела
Награди
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia