Модришка Река

Модришка Река
Местоположба
Физички особености
Извор 
 • местоДаутица, Порече
 • координати41°35′23″N 20°19′38″E / 41.58972°N 20.32722°E / 41.58972; 20.32722
 • надм. вис.1.600 м
Устие 
 • место
Треска, с. Модриште, Општина Македонски Брод
 • координати
41°38′24″N 21°14′32″E / 41.64000°N 21.24222°E / 41.64000; 21.24222
 • надм. вис.
515 м
Должина11,5 км
Големина на сливот52,15 км2
Особености на сливот

Модришка Река — десна притока што реката Треска ја прима спротиводно на 62,2 км од својот влив. Извира од падините на Даутица, на надморска височина од 1.600 м,[1] а се влева на 515 м кај селото Модриште. Вкупната должина од изворот до вливот и изнесува 11,5 км, минималната должина 9,2 км а коефициентот на развиеност е 1,25. Вкупниот пад помеѓу изворот и вливот изнесува 1.085 м, а просечниот и изнесува 94,3.

Вкупната должина на водоразделната линија на Модришка Река изнесува 33,5 км а сливот и зафаќа 52,15 км2 или 2,5% од вкупната површина на сливот на реката Треска.[1]

Течение

Реката извира како Зли Дол од западните падини на Датутица и тече во североападен правец. Во селото Вир од левата страна го прима потокот Стрелов Дол и продолжува на северозапад низ тесната долина Лака, каде од десната страна ги прима Божин Дол и Текински Дол, а потоа, од левата, и Жешки Дол. Продолжува во ист правец, одминувајќи го возвишението Куклаица од левата страна и навлегува во селото Модриште, каде се влева во Треска како нејзина десна притока. По десетина километри, самата Треска навелегува во езерото Козјак.

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 Димитровска, Олгица (2013). „Основни хидрографски одлики на притоките на реката Треска“ (PDF). Географски разгледи. Скопје: Македонско географско друштво. 2012 (46): 37–49. ISSN 1409-908X.

41°38′24″N 21°14′32″E / 41.64000°N 21.24222°E / 41.64000; 21.24222

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya