Рабетинска Река
Рабетинска Река — река во западниот дел на Македонија, лева притока на Треска во Кичевскиот крај. Настанува во извориштето Мочур (на надморска височина од 1.650 м), во јужните падини на планината Челоица, источно од Кичево. Поминува низ селата Рабетино, Дупјани, Светораче, Речани и Миокази и се влева во левата страна на Треска, кај с. Лисичани, на висина од 575 м. Нејзиниот слив соодветствува на подобласта Горно Рабетино. ОписВкупната должина од изворот до вливот и изнесува 15,4 км, минималната должина 13,1 км а коефициентот на развиеност е 1,18. Вкупниот пад помеѓу изворот и вливот изнесува 1.075 м а просечниот 69,8‰.[1] Вкупната должина на водоразделната линија и изнесува 37,0 км, а сливот зафаќа 65,5 км2.[2] Долина![]() Долината има правец на протегање север-југ. Во горниот тек сè до селото Рабетино таа има изразито планински карактер. Јужно од Светораче нејзината плавина се проширува, а самата долина е всечена во дното од средишната езерска рамнина. Во долниот тек Рабетинска Река е всечена меѓу возвишенијата Старец (1.035 м) и Кале (1.022 м) од една и Чука од другата страна.[1] ПритокиОва се притоките на Рабетинска Река, кои се повремени или трајни водотеци, наведени по редослед на течението:
РабетиноРабетино (или Рабетинкол) е област во Кичевијата која го опфаќа сливот на Рабетинска Река и долниот тек на реката Треска, од селата Лисичани и Челопеци, па до селото Латово. Се дели на два дела: Горно Рабетино (споменатиот слив) и Долно Рабетино. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia