Мала Река (Поречка)За други значења на поимот, погл. Мала Река.
Мала Река — река во Поречието во западна Македонија, лева и најголема притока на Треска, која а прима спротиводно на 57,9 км од својот влив. Извира на северните падини на Добра Вода[1] над с. Волче, на надморска височина од 1.210 м (каде е наречена Волчица), а се влева на 465 м[2] во близина на селото Калуѓерец. Вкупната должина од изворот до вливот и изнесува 28,5 км, минималната должина 20,1 км, а коефициентот на развиеност е 1,42. Вкупниот пад помеѓу изворот и вливот изнесува 745 м, а просечниот е мал, и изнесува 26,1‰.[2] Вкупната должина на водоразделната линија на Мала Река изнесува 71 км а сливот и зафаќа 188,96 км2 или 9,1 % од вкупната површина на сливот на реката. ТечениеИзвирајќи од Добра Вода под името Волчица, реката тече во источен правец, минувајќи северно од селото Волче и од лево го прима потокот Долни Лубоен, а потоа и Загреоски Дол од десно, па минува на извесно растојание под селото Заград и од лево ја прима Гребовска Река пред да стаса до с. Растеш, каде течението свртува кон север. Веднаш по Растеш, од левата страна ја прима Битовска Река, и тука почнува да се нарекува Мала Река. Од левата страна ѝ се придружува потокот Думин Дол, а малку понатаму, кај с. Косово — Ботушка Река и Негов Дол од десно. Мала Река продолжува на север и недалеку од с. Звечан, од десна страна, го прима Липов Дол, а понатаму од лево и Јамечки Дол. Навлегувајќи во Самоков од десно заеднички се влеват Бенческа и Ковачка Река, а кај возвишението Кале и месноста Долно Лупште, од истата страна ѝ се приклучува потокот Градски Дол. По Долно Зркле, реката зема источен правец и навлегува во пошироката долина Јанево, каде реката минува низ с. Ковче, одминувајќи ја фабриката „Сувенир“ и примајќи го од десно прво потокот Млачје, а потоа и Иначка Река. Во понатамошниот дел, Мала Река има неколку остри свиоци, и под падинскиот предел Осојница (под с. Могилец) од десно ги прима потоците Пеколник и Смеда. Тука течението добива североисточен правец и поминува крај Могилечкиот манастир, по што од лева страна го прима потокот Трбулјак; тука Мала Река скршнува на запад и, под селото Калуѓерица во месноста Ајроица се влева во Треска како нејзина лева притока. Археолошки наоѓалишта по течението
Особености на долинатаДолината во горниот дел е всечена во кристалести шкрилци каде на 3-4 км од вливот прави лак и се пробива низ доломитска зона. Последниот дел на долината е епигенетски и претставува наследена заливска долина, со што може да се објасни и нејзиниот спротивен правец на течење во однос на реката Треска.[2] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia