Можности (штедилница)Штедилницата Можности — македонска депозитна финансиска институција. Таа е една од најголемите штедилници во Македонија и партнер на глобалната микрофинансиска мрежа Opportunity International со седиште во САД. Седиштето на штедилницата е на следнава адреса: Бул. Јане Сандански бр. 111, 1000, Скопје. Деловна политикаШтедилницата Можности е партнер на глобалната микрофинансиска мрежа Opportunity International со седиште во САД, во чии рамки е рангирана на трето место од вкупно 42 институции во светот. Рангирањето е направено според рејтинг системот CAMEL. Денес, штедилницата има деловна мрежа во следниве градови: Скопје, Куманово, Кавадарци, Кочани, Велес, Струмица, Тетово, Кичево, Битола, Струга и Гостивар. Целта е приближување на производите до сите потенцијални клиенти за да се оправда довербата на сегашните и идните клиенти кои во штедилницата Можности препознаваат сигурна и стабилна финансиска институција. Водејќи се од својата мисија и визија, штедилницата Можности е препознатлива по улогата на поддржувач на луѓето во потреба да добијат финансиска и морална поддршка за своите добри деловни идеи, вербата во слободната иницијатива, поединечната креативност и личната одговорност. Штедилницата ги услужува микро, малите и средните претпријатија кои спаѓаат во секторите трговија и услуги, како и физички лица на кои нуди финансиски производи и услуги како кредитирање и можност за штедење. Штедилницата ужива голем рејтинг меѓу финансиските инситуции во Македонија благодарение на високата ефикасност. Работењето со клиенти штедилницата го организира на тој начин што секој клиент на штедилницата има точно определено лице за контакт, кое во секој момент може да одговори на сите прашања и потреби на клиентот. Темелите на деловната политика се засноваат на постојана иновација и воведување на нови производи и услуги преку следење на трендовите и препознавање на потребите на пазарот.[1] Видови финансиски услугиШтедилницата нуди два типа услуги, а тие се кредити и штедење. Исто така, штедилницата Можности има и оn-line аплицирање за кредити и штедни влогови. КредитиШтедилницата Можности нуди пет видови кредити:
ШтедењеШтедилницата нуди различни видови на можности за штедење:[3]
Организациона структураШтедилницата Можности е организирана во следниве сектори: секторот за деловни контакти, секторот за бизнис развој и инвестиции, сектор за трансакции и логистика за продажба, сектор за деловна мрежа, сектор за општи и правни работи, сектор за човечки ресурси, IT секторот и секторот за финансии, сметководство и трезорско работење. На највисокото ниво од хиерархијата на штедилницата се наоѓа менаџерскиот тим кој го сочинуваат:
Активности на штедилницатаФинансиски активности кои може да ги врши штедилницата согласно дозволата за основање и работење, издадена од гувернерот на НБРМ се:
Финансиски податоциСо состојба 30 јуни 2011 година, поважните финансиски показатели за штедилницата се:[5]
Надворешни врскиИзвори
|
Portal di Ensiklopedia Dunia