Монголски јазик
Монголски јазик ( Географска раширеностМонголскиот јазик е национален јазик на Монголија, каде има повеќе од два милиони луѓе што го зборуваат. Исто така во НР Кина има околу три милиони луѓе што зборуваат монголски јазик и најчесто се во Внатрешна Монголија. Дијалектите на монголскиот јазик се разликуваат по изговорот на зборовите, граматиката и мали разлики во зборовниот фонт. Најпознатиот монголски дијалект е халха дијалектот, што е и всушност службениот јазик на Монголија. Во НР Кина најпознат е дијалектот од Осумте Банери. КласификацијаХалх монголскиот е монголски јазик. Според алтајската теорија, монголскиот е член на поголема алтајска фамилија на јазици, во кои се вклучени и туркиските јазици и тунгуските јазици и некои други јазици како на пример калмички, бурјатски и останатите јазици во Средна Азија. ФонологијаВо монголскиот јазик, самогласките се поделени во две групи во систем на самогласна хармонија. Од историски причини, овие биле традиционално бележани како предни самогласки (e, u, o) и задни самогласки (a, ʊ, ɔ). Според јазичарот Свантесон, самогласките ги поделил во две групи наречени нефарингални (или предни) и фарингални (задни). Исто така во монголскиот јазик има една неутрална самогласка, /i/, која не припаѓа во ниту една група. Сите самогласки во еден збор мора да бидат од истата група. Ако на пример првата самогласка во зборот е фарингална, тогаш секоја самогласка во зборот мора да биде или /i/ или фарингална. Истото правило важи и за нефарингалните самогласки и нивното присуство во зборот. Кога станува збор за наставкаи, постојат два шаблони. Некои монголски наставки можат да бидат со /a/, /ɔ/, /e/, или /o/ следувајќи ја последната фонетска самогласка во коренот на зборот, па така /ʊ/ и /u/ водат до промена во /a/ и /e/. На пример, /orx/ (домаќинство) + /Ar/ (инструментал)→ /orxor/ ‘покрај домаќинство’. Други наставки можат да бидат со /ʊ/ или /u/, во овој случај сите фарингални самогласки водат до /ʊ/ а додека сите нефарингални самогласки водат до /u/. Така на пример, /aw/ ‘зема’ + /Uɮ/ ‘кузатив’ → /awʊɮ/. Ако единствената самогласка во коренот на зборот е /i/, тогаш наставката ќе користи нефарингална самогласка или наставкана форма. Изговорот на долги и кратки самогласки зависи од позицијата на слогот во зборот. Во слогови што се наоѓаат на почетокот на зборот има појава на зацврстувачка разлика во должината. Во слогови на почетокот на зборот и во слогови на крајот на зборот, долгите самогласки не се толку долги и кратките самогласки се кратки. Во повеќе слогови што не се на почетокот на зборот, одредена самогласка се испушта при изговорот. Така на пример, <hojor> 'два', <ažil> 'работа', и <saarmag> 'неутрално' фонетски се, /xɔjr/, /atʃɮ/, и /saːrmɡ/. ГласовиСамогласки
Монголскиот јазик исто така има и четири дифтонзи, /ui/, /ʊi/, /ɔi/, и /ai/. Кратко /o/ фонетички е [ɵ]. Согласки
Монголскиот јазик има недостаток од буквата /l/. Наместо таа согласка, има друга латерално фрикативна буква /ɮ/. Буквата /n/ на крај од зборот се сретнува како [ŋ]. Согласките во загради се сретнуваат само во зборови од туѓо потекло. Систем на пишување на монголски јазикМонголскиот јазик низ историјата и развојот на јазикот се пишувал на повеќе азбуки. Во 1208 се вовел традиционалниот начин на пишување на монголски јазик и писмото било прифатено од ујгурското писмо со одредени транформации на писмото и модифицирање според влијание од други писма. Монголската азбука била користена во Монголија сѐ до 1931 година, кога привремено традиционалниот начин на пишување било заменето со латиница. Тоа траело сѐ до 1937 година кога се вовела монголската кирилична азбука за пишување на јазикот. Традиционалната азбука и писмо била сосема напуштена за време на владеењето на просоветската влада на Монголија во 1941. Во 1991 година со распадот на Советскиот Сојуз и ослабувањето на комунистичките позиции во тој регион, се создала иницијатива за повторно воведување на традиционалното писмо, но по неколку години таа иницијатива сосема исчезнала. Во НР Кина, монголскиот јазик е кослужбен јазик со кинескиот јазик во некои региони, поточно во Автономниот регион Внатрешна Монголија. Традиционалниот начин на пишување е користен отсекогаш таму, иако кириличната азбука била користена во краток период пред сино-советската разделба. Во Кина има два вида на пишување на монголски јазик и тоа: класичното писмо, што е официјално кај сите Монголци и писмото што е претпочитано од оиратите во Синкјанг. ПравописДенешна монголска азбука:
Буквите Үү и Өө понекогаш се сретнуваат и како Vv и Єє. Тоа се случува кога не се пишува со стандардна монголска тастатура. Сојомбо писмо![]() Сојомбо писмото било создадено како четврто писмо за пишување на монголски јазик, само 38 години по создавањето на чистото писмо. Според постоечка легенда во Монголија, Ѕанабаѕар видел знаци во вид на букви на небото што тој подоцна ги претворил во писмо за пишување. Името на писмото сојомбо е поврзано со таа легенда, па така на санскритски јазик сојомбо значи самоздадено. Писмото е слоговни и засновано на девангарското писмо, а додека формите на буквите потекнуваат од индиското ранџанско писмо. Денес не е познато за сигурно дали Ѕанабаѕар го создал писмото комплетно сам или позајмувал од други јазици. ГраматикаСледниот опис е заснован на урбаниот халха монголски јазик, но дел од него важи и за јужниот монголски јазик, вклучувајќи и чахарски монголски. МорфологијаМодерниот монголски јазик е јазик со многу наставкаи, наставките се многу често создадени и здобиени од една единствена морфема. Има голем број на морфеми за создавање на сложени зборови од еден прост корен. На пример, зборот <bajguullagynh> се состои од коренот <baj-> ‘сум’, епантетичко <-g->, козативот <-uul-> ('најде'), здобиениот наставка <–laga> што формира именки создадени од акција (‘организација’) и комплексниот наставка <–ynh> што означува нешто што припаѓа на изменетиот збор (<-yn> може да биде генетив). Некои здобиени глаголски наставки се помалку продуктивни, како на пример <jar’-> 'зборува', <jarilts-> 'да зборуваат меѓу себе'. Глаголските наставки што создаваат независни зборови можат да бидат поделени во три класи:
Монголскиот јазик има осум падежи: номинатив (не се бележи), генетив, датив, акузатив, аблатив, инструментал, комитатив и дирекционал. Додатно на овие постојат и зборчиња што се користат за одредување на генетивот, аблативот или комитативот или за облигативна форма. Така е на пример зборот плус понекогаш -Vn поради историски лексички причини или поради аналогијата. Именките можат да имаат рефлексно-присвојни форми означувајќи дека обележаната именка е присвоена од субјектот на реченицата: <Bi najz(-)aa alsan> Јас пријател-[рефлексно-присвојна] убива-[перфект] ‘Јас го убив мојот пријател’. Исто така има и придавки што можат да бидат сменети во именки кога земаат наставки на падеж, но не можат да функционираат именски без мултифункционалната компонента <n’>. Множината не мора да биде обележана, но сепак множинските наставки стануваат сè повеќе користени. Личните заменки постојат за прво и второ лице, додека старите показни заменки преминале во трето лице на лична заменка. Исто така, во монголски јазик има прашални заменки, сврзници (и земаат честички). Негацијата во монголски јазик е најчесто изразена со <-güj> после партиципот и со партиципот за негација <biš> после именки и придавки. Постојат и партиципи за негација што се претходени од глаголи, но тие тежнеат да бидат заменети со аналитички конструкции. Зборовен фондЗборовниот фонд на монголскиот јазик вклучува историски позајмени зборови особено од пратуркискиот јазик, санскритскиот, тибетскиот, кинескиот и зборови од тунгуските јазици. Денес во монголскиот јазик има доста позајмено зборови од рускиот, кинескиот и англискиот јазик. Комисии во Монголија биле доста преокупирано во преведување на новата терминологија од странските зборови во монголски јазик. Па така претседател на монголски е <jerönhijlögč> ("генерализатор") и пиво на монголски е <šar ajrag> ("жолт кумис"). Исто така има и мал број на зборови што се буквално преведени од позајмените јазици, па така има ‘население’ <hün am> (“личност уста”) од кинескиот израз rénkŏu (人口; 'население'). Историски монголски јазик![]() Првите зачуван монголски текст е Каменот од Јисунге, извештај за спортови на монголско традиционално писмо што датира некаде од 1224 и 1225 година.[1] Други рани записи напишани на монголски јазик се фагспа натписот (укази), кинески карактери, Тајната историја на Монголците, арапска азбука (речници), и мал број западни натписи [2]. Овие натписи и текстови го сочинуваат средновековниот монголски јазик што се зборувал од 13 век па сè до раниот 15 век или 16 век [3][4]. Документите на монголски јазик покажуваат некои различни јазичарички одлики и се често разделени со именување на наивниот јазик како прекласично пишување на монголски јазик [3]. Наредниот период од развојот на монголскиот јазик е класичниот монголски јазик што датира од 17 па сè до 19 век. Јазикот се пишувал со голем степен на стандардизација во правописот и синтаксата што е блиску до денешниот модерен монголски јазик. Најзначајните монголски документи од овој период се монголските канџур и танџул [5] и неколку колекции на хроники. Промени во фонологијаСогласкиСредновековните монголски документи покажуваат само два веларни експлизивни согласки, а тоа се /g/ и /k/. Исто така има и алофони за секоја посебно но кога станува збор за согласката /g/ таа во некои ситуации отсуствува а во други ситуации е присутна во текстовите. Низ документите и правилата не се забелажани правила за тоа кога тоа се одвива а кога не и како е тоа поврзано со контекстот на текстот, но постои една хипотеза дека тоа е поврзано со различната должина на самогласката или со акцентот на самогласката [6] но сепак е оспорено, бидејќи цврст доказ за оваа појава сѐ уште не е разработена целосно. Денес во монголскиот јазик има почетна согласка /h/ што во средновековниот монголски јазик не постоела. Оваа буква може настанала од варијанта на буквата /g/, најверодостојна е буквата /x/. Па така имаме премин од буквата /x/ во буквата /h/ [7]. Пример за оваа појава се на пример: на фагспа било haran > на прекласичен монголски било aran па така денес во монголскиот јазик се користи како aran (личност) [8]. Phagspa čaqa’an, Preclassical čaγaγan[9]. Други промени слични на овие би биле смена на /ʧʰ/ во /ʦʰ/ и притоа губење на /h/: /ʧʰagahan/ > /ʦʰaga:n/ (бел) СамогласкиПрамонголскиот јазик ги имал следните самогласки *i, *e, *y, *ø, *u, *o, *a. На почетокот на развојот *o и *u биле фарингализирани во /ɔ/ и /ʊ/, потоа *y и *ø биле веларизирани во /u/ и /o/. Гласот *i ако се наоѓал на почеток на збор бил асимилиран од следните самогласки, на почетокот на зборот преминувал во /ja/. Потоа гласот *e ако бил следен од гласот *y тогаш се заоблувала самогласката и се добивал гласот *ø. VhV и VjV (V стои за самогласка) секвенците каде втората самогласка била секоја самогласка но не и *i. Гласот *i бил монофтонгуван. Кратките самогласки во било кој слог освен во првиот, биле бришени од фонетската презентација на зборот, долгите самогласки преминувале во кратки самогласки.[10] Како пример: *imahan (*i преминува во /ja/, *h се брише)> *jama:n (нестабилно n се испушта; и редукција на самогласка> jama(n) ‘коза’ Промени во морфологијаНоминален (именски) системПоголем дел од модерниот систем на падежи на монголски јазик останале недопрени во текот на развојот, иако некои наставки за одредување на падежи ја смениле својата форма односно биле скратени. Значајни промени се одвивале со падежите датив и комитатив. Средновековниот монголски комитатив <-luγ-a> не можел да се користи атрибутивно, но бил заменет со наставката <-taj> што оригинално се добил од придавки што означувале присвојност на именките (на пример <mori-tai> ‘имање коњ’ преминало во <mor’toj> „имање коњ/ со коњ“). Како што оваа придавка функционирала напоредно на <ügei> „не имање“ било забележано [11] дека привативниот падеж („без“) бил воведен во монголскиот јазик. Имало три различни падежни наставки за датив-локатив-директив и биле групирани на различни начини: <-a> како локатив и <-dur>, <-da> како датив [12] или <-da> и <-a> датив и <-dur> како локатив [13], но сепак во двата случаи со слична или идентична финкција. Усогласувањето на родот бил напуштен и директивот почнал да се користи во стандардниот монголски јазик. Глаголски системСредновековниот монголски јазик имал голем сет на крајни глаголски наставки и помал број на честички што биле се помалку користени како крајна позиција. Нивната функционална вредност се сменила исто така, но сепак аспектот и модалните глаголи на средновековниот монголски јазик не се сосема добро разбрани и не е возможно да се направи добра семантичка анализа. Како и да е, неколку форми на имперфект почнале да се користат, а во средновековниот монголскиот јазик не се користеле. Сврзувачкиот глагол <n> почнал да се користи во стабилна глаголска комбинација. Поделбата на родот у бројот произлегол од губење на крајни глаголи.[14]. Промени во синтаксатаРедот на зборови во деловите од реченицата се сменил од Објект-Глагол-Субјект (ОГС) во Субјект-Објект-Глагол (СОГ). Негацијата на глаголи се сменила од нагација со честички предводени од крајни глаголи во негација со честички следени од глаголи, па така краен глагол не може да се негира. ПримериСледува текст на позната Тга за југ Константин Миладинов, преведена на монголски[15]:
Белешки{{|2}} Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia