Мохамед Салису
Мохамед Салису (роден на 17 април 1999 година, во Кумаси) — гански фудбалер, играч од одбраната на Саутхемптон и на репрезентацијата на Гана. Технички одликиЦентрален дефанзивец, со одлични физички предиспозиции. Тој е висок, силен и се одликува со солидна брзина за својата висина. Клупска кариераПочетоциРоден во Кумаси, Салису ја започнал својата кариера во неговиот локален младински клуб Кумаси Барселона Бејбис, пред да се приклучи на Фудбалската академија на Западна Африка во 2013 година.[1][2] Во 2015 година ја напуштил академијата од лични причини,[3] а потоа останал повеќе од една година без клуб пред да импресионира на пробите во новоформираната Нсавам филијала на Африканската фудбалска академија за таленти во март 2017 година.[4] Во октомври 2017 година, тој се приклучил на младинскиот состав на Реал Ваљадолид.[5] Реал ВаљадолидСалису го направил своето деби во професионалниот фудбал играјќи за вториот тим на Реал Ваљадолид на 28 јануари 2018 година, почнувајќи во поразот на домашен терен со 4–2 против Корухо во Сегунда Дивисион Б. На 1 март, тој го продолжил договорот до 2021 година.[6] Тој го постигнал својот прв сениорски гол на 29 април, израмнувачкиот во 82-рата минута од ремито 2–2 на гостувањето кај Расинг Ферол.[7] На 16 јули 2018 година, Салису бил промовиран во сениорскиот тим на Ваљадолид.[8] Тој го направил своето професионално деби на 9 јануари 2019 година, започнувајќи во поразот со 1–0 на гостувањето против Хетафе во Купот на Шпанија.[9] На 22 мај 2019 година, Салису го продолжил договорот со клубот до 2022 година.[10] Тој го направил своето деби во Примера Дивисион на 18 август, започнувајќи во победата со 2–1 на гостувањето кај Реал Бетис.[11] По заминувањето на Фернандо Калеро во Еспањол, Салису станал стартер во одбраната на Ваљадолид, како партнер на Кико Оливас.[12][13] На 26 октомври 2019, тој го постигнал за првиот тим на Ваљадолид во победата на домашен терен со 2–0 против Еибар.[14] СаутхемптонНа 12 август 2020 година, Салису потпишал за Саутхемптон за надомест во вредност од 10,9 милиони фунти. Англискиот клуб активирал откупна клаузула во договорот на одбранбениот играч, додека Салису ставил потпис на четиригодишен договор.[15] Менаџерот Ралф Хазенхутл го поздрави неговото ново засилување, велејќи дека тој е талент со голема идинина пред себе кој ги има сите квалитети да дојде во Премиер лигата на Англија и да му помогне на Саутхемптон.[15] Сепак периодот по доаѓањето во Саутхемптон за Салису не бил лесен: тој заработил повреда која не му дозволила да дебитира за Светците во официјален натпревар во првиот дел од сезоната. Откако не запишал ниту еден настап во првите три месеци од сезоната, менаџерот Хазенхутл дал објаснување за неговата состојба во ноември 2020 година, велејќи:
Салису го направил своето деби за Саутхемптон на 11 февруари 2021 година, шест месеци подоцна откако потпишал за клубот, играјќи цели 90 минути и одржувајќи сува мрежа во победата со 2-0 на гости над Вулверхемптон Вондерерс во осминафиналето на ФА Купот.[17][18][19] Своето деби во Премиер лигата го имал три дена подоцна против истиот противник, кога влегол во игра во 72-рата минута на местото на повредениот Кајл Вокер-Петерс, во поразот со 1-2 на домашен терен.[20][21] Репрезентативна кариераВо ноември 2019 година, Салису го добил својот прв повик во сениорската репрезентација на Гана, откако бил избран од селекторот Квеси Апија да игра во квалификациите за Африканскиот куп на нации 2021 против Јужна Африка и Саун Томе и Принсип.[22] Сепак, тој се повлекол од тимот поради проблеми со повреди.[23] Во 2020 година, откако Чарлс Аконор бил назначен за менаџер на државната репрезентација, според медиумските шпекулации, тој се обидел да го привлече Салису во репрезентацијата, но неговите напори се покажале залудни бидејќи се чинело дека Салису не бил заинтересиран да игра за државната репрезентација.[24][25] Сепак, неговото семејство подоцна излегло со соопштение кое ги побило сите дотогашни тврдења кои укажуваат на негово одбивање да игра за репрезентацијата. Во соопштението се вели ''сакаме недвосмислено да кажеме дека нашиот син е горд Ганец и многу подготвен да ја претставува Гана на секое ниво и во секое време''.[24][25] Салису го направил своето деби за Гана на 23 септември 2022 година, како замена во второто полувреме од пријателскиот натпревар против Бразил, кој завршил 3–0 за јужноамериканците.[26] На 17 ноември 2022 година, Салису го постигнал својот прв гол за својата земја во пријателски натпревар против Швајцарија, кој Гана го добила со 2–0. Во ноември 2022, Салису бил избран да ја претставува Гана на Светското првенство 2022 во Катар. Своето деби на првенството го имал на 24 ноември, во првиот натпревар од групната фаза против Португалија, во кој тој направил пенал над Кристијано Роналдо во поразот на својата репрезентација со 3-2. Во вториот натпревар во групата против Јужна Кореја, Салису го постигнал првиот гол за Гана во победата со 3-2. Хронологија на репрезентативните настапи
Клупска статистика
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia