Наум Веслиевски![]() Наум Ташков Веслиевски - Овчарот ( 1921 во Златари, Ресенско — 28 декември 1972 во Јанковец, Ресенско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија, учесник во НОВ, потполковник од НОВЈ и деец на НОВМ. [1] ЖивотописРоден е во 1921 година в ресенското село Златари. Во текот на 1941 година станал член на СКОЈ, а од наредната година и на КПЈ. Од 1942 година е заменик-командир на Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“, а на 18 јуни 1943[2] година е назначен за командир на Партизански баталјон „Мирче Ацев“.[1] Од март до 6 јуни 1944 година е политички комесар на Третата македонска ударна бригада, а пред тоа е нејзин заменик-командир.[3] Делегат е на Првото заседание на АСНОМ. На 25 септември 1944 станала командир на Четириесет и првата македонска дивизија на НОВЈ, а наредната година и на 48. македонска дивизија на НОВЈ. По Втората светска војна во периодот 1945-1947 година учел во воената академија Фрунзе во Москва. По враќањето е назначен за командир на трета ударна бригада. Осомничен во врска со резолуцијата на Информбирото, запаѓа во криза и е примен во психијатриската клиника во Бардовци.[2] Наследство![]() Во негова чест, подигната му е биста во родното Златари. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia