Бардовци
Бардовци — село во Општина Карпош, во околината на градот Скопје. Географија и местоположбаБардовци се наоѓа во северниот дел на Скопската Котлина во подножјето на Зајчев Рид од левата страна на реката Лепенец. Од центарот на Скопје е оддалечено 11 километри (во североисточен правец). ИсторијаВо XIX век, селото е дел од нахијата Кара Даг во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, со 16 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 44 мажи христијани, со 1 новороденчe. Се проценува дека селото во тој период имало 90 жители.[2] Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 288 жители.[3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Бардовци живееле 120 жители Македонски христијани. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бардовци имало 88 егзархисти и 80 патријаршисти. Во 1913 година, во селото биле евидентирани 274 жители. Било центар на Општина Бардовци.[4] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 400 Македонци.[5] Во близината на Бардовци се наоѓа археолошкото наоѓалиште на античкиот град Скупи. СтопанствоПоради тоа што во Бардовци последниве години се изградени прекрасни куќи и комплекси на куќи на познатите скопски стопанственици, јавни личности и политичари економската структура на населението на Бардовци е драстично променета. Голем дел староседелското население се занимава со земјоделство. Во Бардовци најмногу се одгледува зелката, по која е и препознатливо селото. Покрај зелката застапени се и репката, цвеклото и пченицата. Население
Според пописот од 2002 година, селото Бардовци брои 1472 жители,[6] од кои:
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 2.291 жител, од кои 2.075 Македонци, 9 Албанци, 8 Турци, 3 Роми, 5 Власи, 42 Срби, 1 Бошњак, 39 останати и 109 лица без податоци.[7] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиБардовци е македонско село. Според истражувањата од 50-тите на минатиот век, родови во селото се: Ивановци (3 к.) доселени се од денес албанското село Сечишта кај Качаник (Косово). Го знаат следното родословие: Ристо (жив на 90 г. во 1950-тите) Пешо-Иван, предокот кој се доселил; Битолци (3 к.) доселени се од селото Жабјани, Пелагонија. Го знаат следното родословие: Стојан (жив на 86 г. во 1950-тите) Јован-Тале, кој се доселил со неговиот брат Ристе; Станчевци (5 к.) доселени се од некое село Баница кај Прилеп (?); Шалевци (6 к.) доселени се од селото Огњанци; Асанбеговци (1 к.) доселени се во XIX век од Асанбегово (сега Ченто); Анѓелковци (3 к.) родот го основал Анѓелко кој се доселил како сираче од Скопје; Мицевци (2 к.) доселени се од сега непостоечкото село Јазирци на Скопска Црна Гора; Крстовци (5 к.), Ѓурковци (2 к.), Богдановци (6 к.), Ѓоргијовци (2 к.), Стојановци (2 к.), Бошковци (1 к.), Велковци (3 к.) и Златановци (4 к.) доселени се во различен период од селото Визбегово; Трајчевци (1 к.) доселени се од селото Јурумлери; Кузмановци (4 к.) доселени се од селото Волково; Орманци (9 к.) доселени се во 1906 година од селото Орман, таму се викале Субашовци; Вичоровци (14 к.) доселени се околу 1906 година од селото Злокуќани, се претпоставува дека подалечно потекло имаат од околината на Качаник, Косово; Дарчевци (4 к.) и они се доселени од селото Злокуќани; Бошковци (2 к.) доселени се од селото Кучково; Мојсовци или Галичани (1 к.) доселени се во 1915 година од мијачкото село Лазарополе; Трипун Ѓоргијов (1 к.) доселен од селото Волково; Јазаџини (1 к.) доселени се од селото Бањане.[12] Општествени установи![]() Во селото постои црквата „Св. Троица“ и основното училиште „Аврам Писевски“. Самоуправа и политикаКултурни и природни знаменитости
Редовни настаниЛичностиЛичности родени во Бардовци:
Култура и спорт
ИселеништвоНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia