Селото се наоѓа во средишниот ракав од северниот дел на плодното Ресенско Поле, во областа Преспа, некогаш 2 км северно, а денес е предградие на Ресен, сместено на регионалниот пат Охрид-Ресен. Јанковец граничи од север со Избишта и Кривени, од исток со Златари, од југ со Ресен и од запад со Болно.
Јанковец е рамничарско село на надморска височина од 890 метри.
По средината на рамничарскиот дел тече Голема Река, која никогаш не пресушува, а нејзините води се користат за наводнување на крајбрежните обработливи површини.
Историја
Потеклото на името на селото Јанковец, според кажувањето на постари жители на селото, се вели дека името го добило по прво населениот човек, некојси Јанко и според неговото име селото било наречено Јанковец. За името на селото постојат и други преданија.
Стопанство
Во близина на манастирот се наоѓа и ресторанот “Манастир” кој е еден од првите приватни угостителски објекти во поранешна Југославија.
Население
Селанка од Јанковец во народна носија, почеток на XX век
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Јанковец се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 122 куќи.[4]
Според пописот од 2002 година во селото Јанковец живеат 1.169 жители, од кои 1.149 Македонци, 6 Турци, 7 Власи, 6 Срби и 1 останат.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.106 жители, од кои 1.020 Македонци, 6 Албанци, 28 Турци, 14 Власи, 6 Срби, 7 останати и 26 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Доселеници:Дупенци или Ничовци (10 к.) доселени се од селото Горно Дупени, каде припаѓале на родот Србиновци; Низамовци (1 к.) доселени се одамна од селото Дрмени, каде припаѓале на родот Вецовци; Пројовци и Бошковци (10 к.) од местото Проја кај Раец; Ѓештаковци (9 к.) доселени се одамна од селото Туминец во Мала Преспа; Картанџиовци (2 к.) доселени се однекаде; Бундевци (7 к.) доселени се од Горно Дупени; Калеш-Ѓоргиовци (3 к.) доселени се од Епир во Грција. Власи по потекло; Божиновци (1 к.) доселени се од селото Кривени; Куменџиовци (10 к.) по потекло се Власи. Доселени се од околината на Колоња во јужна Албанија; Чаушовци (2 к.) доселени се од селото Гопеш кај Битола. По потекло се Власи; Икономовци (5 к.) биле Гркомани. По потекло се Власи, доселени се од Епир во Грција. Биле еден род со Калеш-Ѓоргијовци; Парталовци (1 к.) доселени се од селото Кривени, каде припаѓале на истоимениот род; Караолановци (1 к.) доселени се од селото Сопотско; Теговци (1 к.) доселени се од Епир во Грција. По потекло се Власи; Пажевци (2 к.) доселени се од Тесалија во Грција. По потекло се Власи; Курвешани и Спировци (1 к.) доселени се во 1912 година од Музакија во Албанија. По потекло се Власи; Начевци и Џиндес (1 к.) доселени се во 1912 година од Каваја во Албанија. По потекло се Власи; Дуневци (1 к.) доселени се од Белица кај Струга. По потекло се Власи; Чаковци (3 к.) по потекло се Власи. Доселени се во 1912 година од Каваја во Албанија; Ламушевци (1 к.) исто така од Каваја во Албанија. Власи се; Танковци (1 к.) и Костовци (1 к.) исто така од Каваја во Албанија. Власи; Џафтановци со Трифуновци (1 к.) доселени се од селото Горно Крушје, од Џафтановци; Думовци (3 к.) доселени се од некое место во Албанија; Радевци (3 к.) доселени се од селото Златари, таму припаѓале на родот Митевци; Пиљаковци (1 к.) доселени се од селото Туминец; Трајковци (2 к.) доселени се од селото Свињишта кај Охрид; Мазниковци (3 к.) доселени се од селото Петрино; Савевци (3 к.) доселени се од селото Болно, од истиот род; Станчевци (1 к.) доселени се од селото Стипона; Блажевци (3 к.) доселени се од селото Завој кај Охрид; Шушевци (2 к.) доселени се од селото Церово кај Демир Хисар; Шуленци (1 к.) доселени се од селото Шулин во Мала Преспа; Воденичаровци (4 к.) доселени се од Ресен; Спасоевци (1 к.) доселени се од селото Туминец; Младеновци (1 к.) доселени се од селото Боиште кај Демир Хисар; Зузаровци (1 к.) доселени се од селото Подмочани; Јотовци (1 к.) доселени се од Охрид; Гулевци (2 к.) доселени се од селото Избишта; Саламовци (1 к.) доселени се од Ресен; Туртановци (2 к.) доселени се однекаде; Марковци (1 к.) доселени се од селото Збажди во струшка Малесија; Марковци втори (1 к.) доселени се од Берово; Старковци (1 к.) доселени се од селото Лева Река, каде припаѓале на Дамулевци; Шентевци (1 к.) доселени се од селото Горно Дупени; Башовци (1 к.) доселени се од селото Лева Река; Трифуновци (1 к.) доселени се од селото Горно Крушје; Здравевци (1 к.) доселени се исто така од Горно Крушје; Јосифовци (1 к.) доселени се од селото Лева Река; Јанкуловци (1 к.) доселени се од селото Брајчино; Димитриовци и Бунџовци (3 к.) доселени се од селото Гопеш кај Битола. По потекло се Власи; Аврамовци (2 к.) доселени се од селото Пасинки во Голо Брдо во Албанија во 1903 година; Гаревци (1 к.) доселени се од селото Дрмени; Костовци и Стефановци (1 к.) доселени се од селото Велмевци кај Демир Хисар; Спировци и Музиќери (1 к.) доселени се од селото Отешево; Фермановци (1 к.) доселени се од селото Буф кај Лерин во 1948 година; Илиовци и Блажевци (1 к.) доселени се од селото Скребатно кај Охрид; Ристовци (1 к.) доселени се од селото Грнчари; Златановци (1 к.) доселени се од селото Златари.[13]
Општествени установи
Со своја училишна зграда селото се здобило уште во времето на турското владеење. ВО 1922 година била изградена нова (денес разурната), а околу 1960 година е подигнато денешното училиште.
Јанковечкиот манастир со главната манастирска црква „Успение на Пресвета Богородица“ (десно), манастирските конаци (лево) и црквата „Св. Игнатиј Богоносец“ (право)
Во селото има куќи кои, поради својата старост и убавина се ставени под заштита на државата, како на Ванчу Икономовски и Теговци.
Во Јанковец постојат три цркви и еден манастир. Црквата “Св. Атанас”, се наоѓа во селото, не е забележана ниту се памети годината на нејзината изградба. Се претпоставува дека е постара од манастирската црква “Св. Богородица”. Црквата “Св. Никола”, на околу 1 км источно од селото, Црквата “Св. Јован” се наоѓа во селото и е осветена во 1866 г.
Во селото се наоѓа манастирот “Св Богородица”, кој се претпоставува дека е изграден пред XVIII век. Во неговиот склоп постои манастирска црква, бидејќи пред 1866 година други цркви во селото немало.
Редовни настани
Празник “Успение на пресвета Богородица” се празнува на 28 август, кога на ова место се собира народ од поблиските села и градот Ресен. Во црковниот двор на манастирот е погребан Охридско-преспанскиот владика Дионисиј кој бил Грк по потекло.
Личности
Андреј Кезепов (1880 - 1904), македонски револуционер, кресненски војвода на ВМОРО
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа. Скопје: Ѓурѓа.
↑ 13,013,1Русиќ, Бранислав. Преспанска област. Архивски Фонд на МАНУ, к-2, АЕ 87.
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.