Немања Матиќ
Немања Матиќ (Врело, 1 август 1988) — српски фудбалер, играч од средниот ред на Лион и на српската репрезентација. КариераПочетоциПрвите почетоци Немања Матиќ ги направил во локалниот ФК Обреновац 1905 од Обреновац, а во пионирските денови играл за лазаревачка Колубара и Јединство од Уб. Во младите категории наступувал за Црвена звезда и Партизан.[3] Колубара и КошицеСениорската кариера ја започнал со 18 години во лазаревачка Колубара, пред да замине во 2007 година во Словачка во редовите на Кошице. Импресионирал со своите настапи во Кошице, каде што станал стандарден првотимец, и му помогнал на тимот да дојде до Купот на Словачка во 2009 година и четвртото место во првенството. ЧелсиНа 18 август 2009 година потпишал четригодишен договор со Челси. Обесштетувањето на Кошице изнесувало околу 1,5 милиони фунти. За Челси во Премиер лигата дебитирал на 21 ноември 2009 во натпреварот против Вулверхемптон, каде влегол како замена во 69-тата минута.[4] Вториот натпревар во Премиер лигата го одиграл во последното коло во сезоната 2009-2010 против Виган Атлетик. ВитесеНа 23 август 2010 година Матиќ бил испратен на позајмица во холандскиот Витесе.[5] Во сезоната 2010/11 за Витесе вкупно одиграл 27 првенствени натпревари при што постигнал два гола. Бенфика![]() Матиќ на 31 јануари 2011 година, се преселил во португалскиот тим Бенфика, како дел од трансферот на Давид Луис во Челси, за 25 милиони евра обесштетување, плус Немања Матиќ. Меѓутоа, и покрај трансферот во Португалија тој останал во Витесе каде бил на позајмица за да ја заврши сезоната со овој клуб. Официјално Матиќ и се придружил на Бенфика во сезоната 2011-2012. Првиот гол во дресот на Бенфика го постигнал на 14 јануари 2012, против Виториа Сетубал. После заминувањето на Хави Гарсија во Манчестер сити во август 2012, Матиќ станал незаменлив во средниот ред на Бенфика. После голот против Порто на 13 јануари 2013 година, веќе следниот ден Матиќ бил награден со продолжување на договорот до 2018 година, и поставена откупна клаузула од 45 милиони евра.[6] Враќање во Челси![]() На 15 јануари 2014 Немања Матиќ потпишал договор со Челси на пет и пол години.[7] Матиќ дебитирал за Челси против Манчестер Јунајтед.[8] Тој влегол во игра во 86. минута на местото на Бразилцот Вилијан во победата на Челси од 3-1 на Стамфорд бриџ. Во сезони 2013/14, Матиќ за Челси одиграл вкупно 19 натпревари и забележил 4 асистенции. На 30 август 2014 Матиќ го постигнал својот прв гол во дресот на Челси, против Евертон на Гудисон парк во победета на Челси од 3-6. Месец дана подоцна, Матиќ го постигнал победоносниот гол против лисабонски Спортинг во Лигата на шампионите во победата на Челси од 0-1.[9] Во ноември 2014, Матиќ го постигнал својот втор гол во сезоната 2014/15 во Лигата на шампионите и донел бод на Челси на гостувањето против Марибор.[10] Матиќ во анкетата на „Вечерњи новости“ е изабран за најдобар српски фудбалер во странство за 2014 година бидејќи за него гласало најголемото мнозинство на капитените од учесниците во Суперлигата на Србија.[11] Манчестер ЈунајтедНа 31 јуни 2017 година, Матиќ потпишал 3 годишен договор со Манчестер Јунајтед, во трансфер вреден 48 милиони евра и со тоа станал најскапиот српски фудбалер во историјата.[12] РомаНа 14 јуни 2022, Матиќ се согласил на едногодишен договор со италијанската екипа Рома, доаѓајќи во Рим како слободен играч по истекот на неговиот договор со Манчестер Јунајтед. РепрезентацијаПосле само три натпревари и два гола во дресот на младата селекција на Србија, селекторот Радомир Антиќ веднаш го прекомандувал во сениорската репрезентација за пријателскиот натпревар против Полска. На тој натпревар одигран на 14 декември 2008 Матиќ дебитирал за најдобрата селекција на Србија.[3] ТрофеиКлупски
Поединечни
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia