Томазо Балданци
Томазо Балданци (роден на 23 март 2003 година) — италијански фудбалер, играч од средниот ред или напаѓач на Рома и на италијанската репрезентација под 21 година. Технички карактеристикиТој е офанзивен играч од средниот ред, кој може да дејствува и како втор напаѓач, лево крило или десно крило.[1][2][3][4][5] Балданци е амбидекстер, опремен со одлична техника,[5] и исто така, може да се пофали со добра брзина,[6] како и извонредни вештини за контрола на топката и дриблинг.[2][4] Способен е да им помага на своите соиграчи благодарение на неговата визија за играта, но и самиот да ги завршуваа акциите со удари од различни позиции.[3][4] Како еден од најголемите италијански таленти на неговата генерација,[2][3] бил споредуван со Себастијан Џовинко и со Алехандро Гомес заради неговите карактеристики,[1][5] но тој го посочил Пауло Дибала, неговиот соиграч од Рома, како негов главен извор на инспирација.[1][3] Клупска кариераЕмполиИзраснат во Кастелфјорентино, Балданци започнал да игра фудбал на шестгодишна возраст, во младинските категории на локален тим, пред да се приклучи на младинскиот сектор на Емполи во 2011 година.[1][2][5] Таму, играчот од средниот ред постепено се етаблирал минувајќи низ различните младински тимови на клубот, освојувајќи го и државно првенство под 16 години во 2019 година.[7] На 28 октомври 2020 година, на 17-годишна возраст, Балданци го направил своето деби во професионалниот фудбал, влегувајќи на местото на Недим Бајрами во 78-мата минута од натпреварот против Беневенто, одигран во рамките на третото коло на Купот на Италија: во оваа прилика, тој забележал асистенција за голот на Леонардо Манкузо за конечните 4-2.[2] Во истата сезона, играчот од средниот ред учествувал редовно во освојувањето на Примавера првенството со младата екипа на Емполи,[8] каде притоа го понел и признанието за најдобар играч на натпреварувањето.[9] Во следната сезона, тој учествувал Примавера тимот во Младинската лига на УЕФА,[10] додека во исто време бил додаден и во првиот тим на тосканците, заедно со неговиот соиграч Јакопо Фацини.[11] Своето деби во Серија А, Балданци го направил на 22 мај 2022 година, на 19-годишна возраст, заменувајќи го Патрик Кутроне во 74-тата минута од натпреварот против Аталанта, добиен во гости со 0-1.[12] Во сезоната 2022-2023, со доаѓањето на Паоло Ѕанети на клупата на Емполи, Балданци бил вклучен во првиот тим на постојана основа.[6] На 28 август 2022 година, тој го одиграл својот прв натпревар како стартер за Емполи, во првенството на гости кај Лече, кој завршил 1-1.[13] Три дена подоцна, на 31 август, офанзивниот играч за врска го постигнал својот прв гол во Серија А (како и во својата професионална кариера), отворајќи го резултатот во ремито 1-1 против Верона.[14] Откако го обновил договорот со Емполи,[15][16] на 5 ноември тој повторно ја погодил мрежата, овојпат решавајќи го натпреварот против Сасуоло (1-0).[17] На 4 јануари 2023 година, тој дошол до својот трет гол за сезоната користејќи го додавањето на Франческо Капуто за да го доведе Емполи во водство после само три минути игра на теренот на Удинезе, во натпревар што завршил нерешено 1-1;[18] конечно, на 23 јануари, тој го постигнал победничкиот гол на „Џузепе Меаца“ против Интер (0-1), со удар ниско по тревата од работ на шеснаесеттникот поворно по додавање од Капуто.[19][20] Сезоната ја завршил со 26 настапи во Серија А (и еден во купот) и 4 постигнати гола. Почетокот на сезоната 2023-2024, бил катастрофален за Емполи со пет последователни порази во Серија А; сепак, во шесттиот натпревар одигран на 27 септември 2023, со голот на Балданци, тосканците ја совладале Салернитана со 1-0 на домашен терен со што ги освоиле првите бодови во првенството. Во продолжението од сезоната, тој се мачел со повреда на глуждот поради која пропуштил многу натпревари;[21] сепак, на 27 јануари, во неговиот ќе се испостави последен натпревар за Емполи, Балданци постигнал гол против Јувентус во ремито 1-1 на Алијанц стадионот. Вкупно во дресот на Емполи одиграл 44 натпревари и постигнал 6 гола. РомаНа 1 февруари 2024 година, на крајот на зимскиот трансферен прозорец, тој бил купен од Рома, со која потпишал договор до 30 јуни 2028 година.[22][23] Четири дена подоцна, тој го направил своето деби за „џалоросите“, заменувајќи го Пауло Дибала во победата со 4-0 против Каљари на Олимпико. На 15 февруари го имал своето деби во Европските купови, настапувајќи на крајот од првиот натпревар од плејофот од УЕФА Лига Европа на гостувањето кај Фејенорд, кој завршил нерешено 1-1.[24] Сезоната 2023-2024 ја завршил со 18 одиграни натпревари во дресот на Рома, без постигнат гол. Во следната сезона, на 22 септември 2024 година, тој го постигнал својот прв гол за Рома, во победата со 3-0 на домашен терен над Удинезе.[25][26] На 18 декември 2024, го постигнал својот прв гол во Купот на Италија, во победата со 4-1 на Олимпико над Сампдорија во осминафиналето.[27] Репрезентативна кариераБалданци ја претставувал Италија на различни младински нивоа, почнувајќи од селекциите под 17[28] и под 18 години.[29] Во јуни 2022 година, тој учествувал на Европско првенство под 19 години во Словачка,[30] каде постигнал гол и каде „аѕурите“ биле елиминирани во полуфиналето од Англија.[31] Повикан од селекторот Паоло Николато,[32] тој го направил своето деби за репрезентацијата под 21 година на 24 март 2023 година, започнувајќи во пријателската средба завршена со победа на гостински терен од 2-0 против Србија.[33] Во мај истата година, тој бил вклучен од селекторот Кармине Нунцијата во списокот на играчи повикани во репрезентацијата под 20 години за Светско првенство во категоријата во Аргентина,[34] каде постигнал 2 гола, а Италија загубила во финалето. На 17 октомври 2023, го постигнал својото прв гол за У21 репрезентацијата во натпреварот од квалификациите за Европското првенство добиен со 2-0 против Норвешка во Болцано.[35] На 10 септември 2024 година, тој го постигнал својот прв хет-трик со „аѕурините“, решавајќи го реваншот против Норвешка (3-0) во Ставангер.[36][37] Во јуни 2025 година, бил повикан за Европското првенство под 21 година организирано во Словачка.[38] Тој постигнал гол во првиот натпревар од групата со кој Италија ја совладала Романија со 1-0.[39] СтатистикаКлупска статистикаСтатистиката е ажурирана на 25 мај 2025.
Хет-трикови
ТитулиКлупскиЕмполи
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia