Ненад Новковски
Ненад Новковски (роден на 14 мај 1958 година во Крива Паланка) — македонски професор и политичар. ЖивотописНенад Новковски е роден на 14 мај 1958 година во градот Крива Паланка. Основното и средното образование ги завршил во родниот град, каде што матурирал во 1976 година. Во 1976 година се запишал на Факултетот по физика во Скопје. Откако дипломирал во 1980 година станал помлад асистент по физика на тврдо тело при Факултетот за физика. Помеѓу 1981 и 1983 година студирал на Факултетот за електротехника на Белградскиот универзитет. Во 1985 година завршил магистерски степен со одбрана на магистерскиот труд “Нов приод кон теоријата на BSF сончевите ќелии”. Од 1987 година заминал како стипендист на владата на Швајцарија на научно усовршување во Лозана. Во 1991 година бил избран за доцент на Институтот за физика на ПМФ. Во 1996 година бил избран за вонреден професор по физика на кондензирана материја и по основи на физиката на тврдо тело. Во 2001 година бил избран во звањето редовен професор, а во 2006 година реизбран во ова звање. Ненад Новковски извршувал повеќе функции, како:
Политичка кариераНенад Новковски бил член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а подоцна станал претседател на Комисијата за образование и наука на ВМРО-НП. Во Владата на Македонија од 1998 година ја извршувал функцијата Министер за образование и наука до 2002 година. ЧленствоНенад Новковски е член на повеќе друштва:
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia