Ник Волтемаде

Ник Волтемаде
Лични податоци
Роден на 14 февруари 2002(2002-02-14)(23 г.)
Роден во Бремен, Германија[1]
Држава Германија Германија
Висина &100000000000001980000001,98 м[1]
Позиција напаѓач[1]
Клупски податоци
Сегашен клуб Штутгарт Штутгарт
Број 11
Младинска кариера
Вердер Бремен Вердер Бремен
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2020-2024 Вердер Бремен Вердер Бремен 48 (2)
2022 Вердер Бремен II Вердер Бремен II 3 (0)
2022-2023Елверсберг Елверсберг 31 (10)
2024- Штутгарт Штутгарт 28 (12)
Репрезентација
2018 Германија Германија 16 2 (0)
2018-2019 Германија Германија 17 13 (3)
2021-2022 Германија Германија 20 7 (2)
2023-2025 Германија Германија 21 17 (12)
2025- Германија Германија 2 (0)

Ник Волтемаде (роден на 14 февруари 2002, во Бремен) — германски фудбалер, напаѓач на Штутгарт и на германската репрезентација.

Технички карактеристики

Централен напаѓач со импозантна физичка структура,[2] но во исто време брз и поседува одлични технички вештини,[2] поради што може да игра и на други позиции во нападот како втор напаѓач, крило, па дури и како офазивен играч од средниот ред. Има одлично чувство за гол и може да обезбеди голем број асистенции благодарение на неговата способност да комбинира со своите соиграчи, користејќи ја пред се својата физичка фигура за добро поставување и за спуштање на топката. Поради неговиот импозантен раст, го добил прекарот „Џинот од Бремен“.[3]

Клупска кариера

Почетоци

Роден во Бремен, Волтемаде ја започнал својата кариера во мултиспортскиот клуб од неговиот роден град, Волтмерсхаузен, каде првично играл и ракомет, покрај фудбалот.[4] Во 2010 година, тој се преселил во младинската академија на Вердер Бремен. Таму, постојано привлекувал внимание со својте настапи за младинските тимови: во сезоната 2018–2019, тој постигнал 18 гола и 8 асистенции во 24 натпревари за тимот на Вердер под 17 години во Бундеслигата У17.[4]

Вердер Бремен

Откако во сезоната 2019-2020 постигнал седум гола во осум натпревари за тимот на Вердер под 19 години, Волтемаде бил повикан за првпат во првиот тим од тогашниот тренер на „зелено-белите“ Флоријан Кофелт за натпреварот од Бундеслигата против Бајер Леверкузен на 26 октомври 2019 година.[5] И покрај тоа што останал само неискористена резерва во тој натпревар, тој потоа постепено бил воведен во првиот тим и редовно тренирал со професионалците, а на почетокот на 2020 година, за време на зимската пауза тој бил дел од тренинг кампот на клубот во Мајорка.[6] Своето деби за првиот тим на Вердер Бремен го имал на 1 февруари 2020 година, во натпреварот на гости против Аугсбург загубен со 2-1, станувајќи најмладиот играч кој дебитирал во Бундеслигата во историјата на Вердер Бремен со 17 години, 11 месеци и 16 дена.[4] Својата прва професионална сезона во кариерата ја завршил со 5 настапи во првенството и уште еден во Купот на Германија.

Во сезоната 2020-2021, Волтемаде одиграл уште 6 натпревари во Бундеслигата, забележувајќи ја својата прва асистенција за голот на Дави Зелке во поразот со 1-2 на домашен терен од Штутгарт. По завршувањето на сезоната, Вердер испаднал во Втора Бундеслига. Во сезоната 2021-2022, во вториот ранг на натпреварување, Волтемаде го направил своето деби на 24 јули 2021, во ремито 1-1 против Хановер на Везер. Во текот на сезоната, тој имал проблеми со повреда поради која пропуштил голем број натпревари и спротивно на очекувањата забележал само 7 настапи, главно како замена за стартните напаѓачи Никлас Филкруг и Марвин Дукш, помагајќи за враќањето на клубот во врвната дивизија.

Во август 2022 година, тој бил позајмен до крајот на сезоната 2022-2023 на новопромовираниот клуб во германската трета лига, Елверсберг.[7] Своето деби за клубот го направил на 4 септември 2022, влегувајќи како замена на полувремето на местото на Кевин Кофи во ремито без голови на гостувањето кај Мепен. Својот прв гол во професионалната кариера го постигнал на 8 ноември, погодок со кој му донел победа на Елверсберг на гостувањето кај Бајројт (0-1).[8] Под водството на тренерот Хорст Штефен, Волтемаде имал плодна сезона играјќи 31 првенствен натпревар (25 како стартер), на кој постигнал 10 гола и додал 9 асистенции, помагајќи му на клубот да обезбеди промоција и да се пласира во Втората Бундеслига. Последователно, тој бил избран за играч на сезоната во Третата лига во гласањето на навивачите.[9]

За сезоната 2023-2024, Волтемаде се вратил во Вердер Бремен.[10] Својте први голови (два) за Вердер ги постигнал на 4 мај 2024 година, во натпреварот од Бундеслигата на домашен терен против Борусија Менхенгладбах кој завршил 2-2.[11] Сезоната ја завршил со 30 настапи и 2 гола, а откако одбил продолжување на соработката,[12] по истекот на неговиот договор во летото 2024, тој го напуштил Вердер после 14 години поминати во клубот.[13]

Штутгарт

На 20 мај 2024 година, Волтемаде потпишал четиригодишен договор со Штутгарт.[14] Дебитирал за клубот на 24 август 2024, во поразот со 3-1 на гостувањето кај Фрајбург во рамките на првото коло од Прва Бундеслига 2024-2025, заменувајќи го Крис Фирих во 81-вата минута од натпреварот. Три дена подоцна, во својот прв старт за клубот го постигнал и првиот гол за „швабите“, во убедливата победа со 5-0 над второлигашот Пројсен Мјунстер во првото коло на Купот на Германија.[15] По тешкиот почеток во кој морал да „преголтне“ неколку разочарувања како што биле изоставањето од списокот со играчи за Лигата на шампионите и честите започнувања на натпреварите од клупата,[16] младиот напаѓач започнал полека да пробива во почетната постава на Штутгарт во текот на ноември. На 10 ноември, го постигнал својот прв гол во лигата со дресот на Штутгарт, во поразот на домашен терен од Ајнтрахт Франкфурт (2-3),[17] а во следниот натпревар против Бохум (добиен со 2-0) за првпат се нашол во почетната постава на Штутгарт во некој натпревар од Бундеслигата. На 6 декември, за време на натпреварот на домашен терен против Унион Берлин, Волтемаде влегол од клупата за резерви на полувремето при негатива на неговата екипа од 0-2 и со два постигнати гола во период од само осум минути го инспирирал враќањето во натпреварот на „швабите“ кои на крајот направиле пресврт и победиле со 3-2.[18]

По зимската пауза, во јануари 2025, тој продолжил да игра во одлична форма, постигнувајќи голови во домашните победи над РБ Лајпциг (2-1) и Фрајбург (4-0). На 2 април 2025, повоторно против Лајпциг, овојпат во полуфиналето на Купот на Германија, Волтемаде го постигнал вториот гол за Штутгарт во победата со 3-1, помагајќи му на клубот да стигне до финалето на натпреварувањето за првпат после 12 години.[19] На 13 април 2024, тој го добил првиот црвен картон во својата кариера, за време на натпреварот од првенството против неговиот поранешен клуб Вердер Бремен. Сепак, враќајќи се по суспензијата, на почетокот на мај тој одиграл одлично помагајќи му на Штутгарт да оствари три победи, постигнувајќи гол во секоја од нив, стигајќи до бројката од 12 голови со колку го завршил првенството. Конечно, на 24 мај 2025, во финалето на Купот на Германија против Арминија Билефелд, Волтемаде го постигнал првиот гол во победата на Штутгарт со 4-2, освојувајќи го и својот прв поважен трофеј во кариерата.[20] Сезоната ја завршил со вкупно 33 одиграни натпревари и 17 постигнати гола, и бил најдобар стрелец во Купот на Германија со 5 постигнати гола.[21]

Репрезентативна кариера

Волтемаде ја претставувал Германија во неколку младински категории: под 16, под 17, под 20 и под 21 година.

На 22 мај 2025, тој го добил првиот повик во сениорската репрезентација,[22] правејќи го своето деби на 4 јуни, во полуфиналето од Лигата на нации против Португалија.[23]

По дебито за сениорите, тој бил повикан во репрезентацијата под 21 година за да учествува на Европското првенство во категоријата одржано во Словачка. Таму, тој постигнал хет-трик во првиот натпревар на Германија на првенството против Словенија завршен со резултат 3-0. Тој, исто така, постигнал гол и во вториот натпревар од групата против Чешка (добиен со 4-2),[24] како и во победите над Италија во четвртфиналето (3-2) и Франција во полуфиналето. Во финалето, Германија загубила од Англија со 3-2 по продолженија, но Волтемаде го завршил првенството како најдобар стрелец со 6 постигнати гола.[25]

Хронологија на репрезентативните настапи

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Германија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
4-6-2025 Минхен Германија Германија 1 – 2 Португалија Португалија УЕФА Лига на нации 2024-2025 - Полуфинале - заменет 61'
8-6-2025 Штутгарт Германија Германија 0 – 2 Франција Франција УЕФА Лига на нации 2024-2025 - натп. за 3. место - заменет 46'
Вкупно Настапи 2 Голови 0

Статистика

Клупска статистика

Статистиката е ажурирана на 29 јуни 2025.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2019-2020 Германија Вердер Бремен БЛ 5 0 КГ 1 0 - - - - - - 6 0
2020-2021 БЛ 6 0 КГ 2 0 - - - - - - 8 0
2021-2022 7 0 КГ 0 0 - - - - - - 7 0
2022-2023 Германија Елверсберг 31 10 КГ 4 7 - - - - - - 35 17
2023-2024 Германија Вердер Бремен БЛ 30 2 КГ 0 0 - - - - - - 30 2
Вкупно Вердер Бремен 48 2 3 0 - - - - 51 2
2024-2025 Германија Штутгарт БЛ 28 12 КГ 5 5 ЛШ 0 0 СГ 0 0 33 17
Вкупно во кариерата 107 24 12 12 - - - - 119 36

Титули

Клупски

Елверсберг

2022-2023

Штутгарт

2024-2025

Индивидуални

2024-2025 (5 гола)[21]
2025 (6 гола)[25]

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 Ник Волтемаде на WorldFootball.net
  2. 2,0 2,1 „Баерн сака да ја купи новата ѕвезда на Штутгарт“. lokalno.mk. 25 март 2025. Посетено на 28 јуни 2025.
  3. „Nick Woltemade: talento tedesco classe 2002“. 3 февруари 2020.
  4. 4,0 4,1 4,2 Knips, Björn (1 February 2020). „Werder Bremen - Plötzlich in der Startelf: Das ist Nick Woltemade!“. Kreiszeitung (German). Посетено на 1 February 2020.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  5. Sander, Carsten (1 February 2020). „Werder-Sturm - Sogar U19-Hüne Nick Woltemade hat Einsatzchancen“. Kreiszeitung (German). Посетено на 1 February 2020.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  6. Carsten Sander: Werder Bremen: Mit U19-Talent Nick Woltemade gegen Düsseldorf! (Artikel auf deichstube.de vom 12. Januar 2020, abgerufen am 2. Februar 2020)
  7. „Elversberg leiht Nick Woltemade von Werder aus“. kicker (германски). 30 August 2022. Посетено на 30 August 2022.
  8. „Elversberg dominiert 3. Liga: 1:0-Sieg in Bayreuth“ (германски). zeit.de. 8 ноември 2022. Посетено на 29 јуни 2025.
  9. Fan-Voting hat entschieden: Woltemade zum Spieler der 3. Liga gewählt, kicker.de, 23 мај 2023, Постено на 5 јули 2023.
  10. Werder vor Start in die Sommervorbereitung, werder.de, 2. јули 2023, Постено на 2 јули 2023.
  11. „Woltemade Doppelpack: "Lange auf diesen Moment gewartet" (германски). Werder Bremen. 4 мај 2024. Посетено на 29 јуни 2025.
  12. (германски). Kicker. 4 април 2024 https://www.kicker.de/keine-verlaengerung-woltemade-sagt-werder-ab-1008296/artikel. Посетено на 29 јуни 2025. Отсутно или празно |title= (help)
  13. „Woltemade-Ziel steht fest, Werder Zweiter per Kopf“ (германски). SV Werder Bremen. 20 мај 2024. Занемарен непознатиот параметар |acccess-date= (help)
  14. „VfB sign Nick Woltemade“. VfB Stuttgart. 20 May 2024. Посетено на 20 May 2024.
  15. „Woltemade feiert Tor-Premiere: Stuttgart schlägt Münster deutlich“ (германски). 27 август 2024. Посетено на 29 јуни 2025.
  16. „Nicht nur Woltemade gestrichen: Der Champions-League-Kader des VfB“ (германски). Kicker. 4 септември 2024. Посетено на 29 јуни 2025.
  17. „VfB-Aufholjagd jäh gestoppt: Marmoushs Traumfreistoß führt Frankfurt zum Sieg“ (германски). 10 ноември 2024. Посетено на 29 јуни 2025. Text "Kicker" ignored (help)
  18. „Doppelter Woltemade und Karazors Tordebüt: Stuttgart dreht Partie gegen Union“ (германски). Kicker. 6 декември 2025. Посетено на 29 јуни 2025.
  19. „VfB Stuttgart into DFB Cup final with RB Leipzig win“ (германски). Bundesliga. 2 април 2025. Посетено на 29 јуни 2025.
  20. „Штутгарт беше пресилен за Арминија и го освои Купот на Германија“. sportclub.mk. 24 мај 2025. Посетено на 29 јуни 2025.
  21. 21,0 21,1 „Germany » DFB-Pokal 2024/2025 » Top Scorer“. worldfootball.net (англиски).
  22. „Mit Bischof und Woltemade: Nagelsmann nominiert 26 Spieler für Final Four“ (германски). German Football Association. 22 May 2025. Посетено на 22 May 2025.
  23. „Fußball-Nationalmannschaft: Nagelsmann denkt um: Woltemade bleibt beim A-Team“ (германски). Tagesspiegel. 5 June 2025.
  24. Begley, Emlyn (18 June 2025). „The 'two-metre Messi-Musiala' starring at U21 Euros“. BBC Sport. Посетено на 22 June 2025.
  25. 25,0 25,1 „Top-scorer Woltemade misses out on Player of Tournament in U21 Euros“. bulinews.com (англиски).

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya