Нијази Лиманоски
Проф. д-р Нијази Лиманоски (27 јули 1941 во Ростуше, Долна Река, а починал 11 октомври 1997) — етнолог и борец за националното обединување на Македонците без разлика на верската припадност.[1] Бил доцент на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, основоположник на Културно-научните манифестации на Македонците муслимани и претседател на Здружението на етнолозите на Македонија. ОбразованиеНа Географскиот факултет во Скопје, тој дипломирал во 1979 година, а на Филозофскиот факултет во Белград, на Катедрата за етнологија ја одбранил докторската дисертација под наслов: „Етносоцијалните одлики на исламизираните Македонци“. Во февруари 1994 година бил избран за доцент по група предмети на студиите по етнологија на Институтот за географија на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Објавил четири книги, како и над 50 научни трудови од областа на етнографијата. Настапил на десет меѓународни симпозиуми. Бил главен и одговорен уредник на списанието Етнолог и на изданијата на Републичката заедница на културно-научните манифестации на Македонците - муслимани. Бил автор на сценарио на ТВ серија од десет емисии на Македонската радио-телевизија под наслов „Етнологијата и фолклорот на исламизираните Македонци“. Бил рецензент на повеќе книги. Бил директор, главен и одговорен уредник и новинар на радиостаницата во Дебар. Во 1974 година преминал на работа како уредник-новинар во Службата за информации на Собранието на Република Македонија, а во 1982 година бил именуван за помошник на претседателот на Републичкиот комитет за образование и физичка култура. Во 1991 година бил именуван за потсекретар во Министерството за образование и физичка култура и на таа должност останал до 1 март 1994 година Бил пратеник на Просветно-културниот собор на Собранието на СР Македонија во периодот од 1969 до 1974 година Бил ангажиран јавен, општествен, културен, научен и политички работник. Бил член на Сојузот на новинарите на Македонија. Основоположник и претседател на Републичката заедница на културно-научните манифестации на Македонците - муслимани (1979). Бил претседател на Здружението на етнолозите на Македонија, член на Друштвото на фолклористите на Македонија, член на Македонското географско друштво, член на меѓународната организација „Караденис - Понт“ од Кишинев (Молдавија) за проучување на етнологијата и фолклорот на Гагаузите во Романија, Молдавија и Украина. КариераПрофесионалната кариера ја започнал како новинар преку уредник па сè до директор на Радио Дебар. Во 1974 година преминал да работи како уредник новинар во службата за информации во Собранието на Република Македонија, а во 1982 година бил избран за помошник на претседателот на Републичкиот комитет за образование и физичка култура. Во 1991 година. бил именуван за потсекретар во Министерството за образование и физичка култура. Од 1994 година е доцент на Заводот за етнологија, Географски институт на ПМФ во Скопје. Д-р Лиманоски бил ангажиран јавен општествен културен научен и политички работник. Во период од 1969 до 1974 бил пратеник во Просветно-културниот собор на Собранието на СР Македонија. Бил член на Сојузот на новинарите на РМ. Тој е главниот иницијатор основоположник и претседател на Републичката заедница на културно-научните манифестации на Македонците ‒ муслимани во 1979 година. Бил претседател на Здружението на етнолозите на Македонија период во којшто здружението имаше забележителни активности. Членувал и во други здруженија: Друштво на фолклористи на Македонија Македонско географско друштво член на меѓународното здружение Караденис ‒ Понт од Кишињев Молдавија. Има објавено четири книги: Исламската религија и исламизираните Македонци, Националниот идентитет на Македонците муслимани, Исламизацијата и етничките промени во Македонија, Одбрана и заштита на мајчиниот македонски јазик и етнос кај исламизираните Македонци, како и над 50 научни трудови. Награди и признанијаДобитник е на повеќе награди и признанија, како: Наградата „Климент Охридски“ за посебни остварувања во областа на просветата и културата од интерес на Република Македонија; Наградата „Гоце Делчев“ од областа на науката од интерес на Република Македонија; Наградата „10 Ноември“ на Републичката заедница на научните манифестации на Македонците - муслимани. Одликуван е со Орден на трудот со сребрен венец и со Орден заслуги за народ со сребрени знаци. Публикации - статии
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia