Западна Македонија (Грција)
Западна Македонија — област во северна Грција, која се протега во западниот дел на Егејска Македонија. Според административна реформа од 1 јануари 2011 г. Грција е поделена на 13 области (со поранешен назив периферии), кои понатаму се поделени на окрузи, а пак тие на општини. Според оваа реформа регионот Западна Македонија е поделен на 4 окрузи: Гребен, Лерин, Костур и Кожани, кои пак се поделени на вкупно 12 општини. Вклучува неколку поголеми градови, меѓу кои спаѓа и главниот град на областа — Кожани, како и градовите Костур, Лерин и Гребен. Општини
1 Општината е наречена по истоимената древномакедонска област, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија. ДемографијаБидејќи нема официјален попис за тоа колку Македонци живеат во оваа област, кога ќе споредиме некои историски податоци и денешни статистики, се доаѓа до одредена проценка. Така, во оваа област Македонците живеат во околу 160 населени места и сочинуваат околу 24% од вкупното население, па според последниот попис тоа се приближно 67.000 Македонци. Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia