Ново Село (Албанија)За други истоимени места, погледајте Ново Село.
Ново Село (албански: Novosej) — село во областа Гора, во Општина Кукуш на истоимената област, Албанија. Населението броело 1.543 жители во 2001 година.[1] Селото некогаш било горанско, кои се иселувале во XX век. Денес е населено со Албанци.[2] Географија и местоположбаСелото се наоѓа во областа Гора, околу 2 км од селото Шиштавец, во северозападните падини на Шар Планина, на надморска височина од 1.310 м. ИсторијаПо Втората балканска војна селото ѝ е доделено на Албанија. На етничката карта на Северозападна Македонија од 1929 г. Афанасиј Селишчев забележал Новосело како македонско село.[3][4] Во извештај на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во 1930 г. Ново Село броело 170 куќи на Македонци-муслимани.[3][5] Сè до 2015 година, селото било во состав на Општина Шиштавец. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia