Орчуша
Орчуша (албански: Orqushë или Orqusha; српски: Орчуша) — село во областа Гора, денес во општината Драгаш на Призренскиот округ, јужно Косово.[1] Населението брои 60 жители (2011), сочинето од Горанци. Географија и местоположбаСелото се наоѓа во областа Гора, на десната страна од реката Плава, високо на планината Коритник, на надморска височина од 950 м. Сместено е во непосредна близина на границата со Албанија, на која се наоѓа граничниот премин Оргоста-Орчуша. ИсторијаСелото Орчуша се споменува како селиште под името ωрчюша̀ во грамота на царот Стефан Душан од 1348-1352 година, издадена од манастирот „Св. Архангели Михаил и Гаврил“ во Призрен.[2] По Втората балканска војна селото ѝ е доделено на Албанија, заедно со уште осум горански села. Според Стефан Младенов во 1916 г. Орчуша (О̀рчуша) било македонско село со 64 куќи.[3] Во извештај на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во 1930 г. Орчуша (Орчища) било село со 80 куќи на Македонци-муслимани.[4] НаселениеСпоред германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 јужнословенски муслимани (Горанци).[5] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Културни и природни знаменитостиЏамии
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia