Оргоста
Оргоста (албански: Orgjostë) — село во областа Гора, во Општина Кукуш на истоимената област, Албанија. Населението броело 740 жители во 1989 година[1], сочинето од Горанци. Географија и местоположбаСелото се наоѓа во областа Гора, во јужните падини на планината Коритник, на надморска височина од 950 м. ИсторијаВо 1900 година, Васил К’нчов го забележал Оргоста како македонско-муслиманско село во областа Гора со 100 куќи.[2][3] По Втората балканска војна селото ѝ е доделено на Албанија. Според Стефан Младенов во 1916 г. Оргоста (О̀ргоста) било македонско село со 70 куќи.[2][4] Во извештај на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во 1930 г. Оргоста било село со 100 куќи на Македонци-муслимани.[2][5] Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Запод. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia