Рестелица
Рестелица (албански: Restelicë, српски: Рестелица) — село во општина Драгаш во областа Гора, југозападно Косово. Атарот на селото зафаќа површина од 84,83 км2. Ова е најголемо горанско село во шарпланинскиот дел на Гора. Сите топоними во селото ги зачувале првобитните словенски називи. Во Рестелица постоела српска православна црква посветена на Света Варвара, која, според преданието била манастир. Сочувани се и стари православни гробишта. Ова е најјужната населба во Косово, како и најголемо село по површина и жители. ДемографијаСпоред германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 850 јужнословенски муслимани.[1] Селото има горанско етничко мнозинство. Број на населението на пописите:
Попис 2011
|
Portal di Ensiklopedia Dunia