ОУ „Крсте Петков Мисирков“ - ОризариЗа други значења на поимот, погл. ОУ „Крсте Петков Мисирков“.
Училиштето е именувано по македонскиот филолог Крсте Петков Мисирков. Во состав на училиштето работи едно подрачно училиште во Прибачево, каде се одвива настава во една комбинирана паралелка.[3] ИсторијаУчилиштето прв пат почнало со работа во далечната 1912 година, во склоп на егзархиската гимназија во Кочани и до 1944 година наставата наизменично се менувала на бугарски (1912-1913, 1915-1918, 1941-1944) и српски јазик (1913-1915, 1918-1941). Низ историјата училиштето неколку пати го менувало името и тоа „Даме Груев“, „Св. Климент Охридски“ и од 1945 година го носело името „Маршал Тито“ сѐ до 1993 година кога по иницијатива на Министерството за образование, училиштето го добило името „Крсте Петков Мисирков“.[3] Во 2015 година била изградена училишната спортска сала. Салата била дел од проектот „Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали“ на Министерството за образование и наука, финансиран од Владата на Република Македонија.[4] Досегашни директори
ОсобеностиВо училиштето во Оризари има 11 универзални училници, 1 кабинет по техничко образование, 1 кабинет по информатика, 1 кабинет по музичко образование, 2 специјализирани училници за прво одделение, библиотека како и простор за наставни средства и помагала.[3] Спортската сала е од површина од 1,250 м2.[6] Има кабинети, гардероби и 500 седишта во публиката.[7] НаставаВо училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик. Подрачни училиштаВо составот на училиштето влегува следново подрачно училиште:
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia