Прибачево
Прибачево — село во Општина Кочани, во областа Кочанско Поле, во околината на градот Кочани. Географија и местоположбаСелото се наоѓа во Кочанското Поле, во јужниот дел на Општина Кочани, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Виница.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 330 метри. Од градот Кочани, селото е оддалечено 4 километри.[2] До селото води локален асфалтен пат, кој се издвојува од регионалниот пат 1309 кај соседното село Грдовци. Прибачево е изразено низинско село, сместено во непосредна близина на реката Брегалница, на нејзиниот десен брег. На југозапад се наоѓа селото Грдовци. Во минатото, водата за пиење се добивала со пумпи, длабоки 4-6 метри, додека за време на отоманскиот период имало само три бунари.[3] Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Горни и Долни Дупки, Песоци, Горно и Долно Поле, Трница, Гуштерица, Кочковица, Белско Поле, Башчи и Лаки. Само месноста Лаки се наоѓа на левиот брег од Брегалница, додека останатите се на десниот брег.[3] Селото има збиен низински тип, а куќите се групирани во две маала: Горно и Долно. Поради опасност од поплави, куќите постојано се поместуваат подалеку од реката.[3] ИсторијаПрибачево најпрвин се наоѓало на левиот брег од Брегалница, во месноста Лаки. Тогаш, тоа било мало и населено со македонски родови. Мештаните на тие родови работеле на земјата на чифликсајбиите. Поради поплава од 1850-тите години, селото ја променило својата местоположба и се поместило на денешното место, десно од реката. Таму каде се наоѓало старото село денес се одгледува ориз и нема остатоци од старини. Се говори дека реката сѐ однела. Гробиштата се наоѓале на месноста Башчи. Нема зачувани потомци од старото село во денешното Прибачево.[3] До 1912 година, Прибачево останало чифликсајбиско село, а во него живееле Македонци кои работела за нив. Таа година имало само 13 куќи.[3] Стопанство![]() Атарот на селото е мал и зафаќа простор од 3 километри квадратни. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 222 хектари.[2] Селото, во основа, има полјоделска функција.[2] Во отоманскиот период, во селото имало чифлици, чии сопственици биле Адил Мемедов, Омер-ага, Рифат-ефенди и Ракип. Сите живееле во Кочани. Исто така, во селото имало и еден „беделиски“ и еден влашки чифлиг. По ослободувањето од Турците, земјата од чифлиците преминала во рацете на Македонците: едни купиле, а други добиле со помош на аграрната реформа.[3] Прибачево влегува во оние села од Кочанското Поле во кои има најдобри услови за одгледување ориз. Поради тоа, во селото некој Исмаил-паша во 1902 година изградил погон за лупење на оризот. Во 1935 година, таа преминала во рацето на Македонците, која во 1945 година станала државна.[3] Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Прибачево живееле 180 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Прибачево имало 192 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[6] Селото е средно по големина и е населено само со македонско население. Така, во 1961 година селото имало 420, а во 1994 година 423 жители.[2] Според пописот од 2002 година, селото имало 388 жители, сите Македонци.[7] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 280 жители, од кои 270 Македонци и 10 лица без податоци.[8] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиПрибачево е македонско православно село.[3] Според истражувањата од 1958 година, родови во селото:
ИселеништвоСе знае за следниве иселени родови: Накови (5 к.), Црвењачки (2 к.) и Стојчеви (3 к.) преминале во соседното Грдовци, Трајанови (2 к.) се иселиле во виничкото Лески, Мино Јаудија (1 к.), се иселил во Мојанци, Јован Ќурчија (1 к.) се иселил во Кочани, Јованџикови се иселиле во Кочани, Оризари и Грдовци. Од родот Траканци едно домаќинство заминало во Кочани. Пред крајот на турското владение изумрел родот Арсови.[3] Во поново време е забележано намалување на бројот на жителите. Општествени установи![]()
Самоуправа и политикаНа крајот од XIX век, Прибачево било село во Кочанската Каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Кочани, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Оризари. Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кочани. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Кочани. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Оризари, во која покрај селото Прибачево се наоѓале селата Безиково, Грдовци, Оризари, Пресека и Цера. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Грдовци, во која влегувале селата Грдовци и Прибачево. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 0892 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[13] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 308 гласачи.[14] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 315 гласачи.[15] Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia