Обединета Ерменија![]() Портокалово: области со големо мнозинство населени со Ерменци (Република Ерменија: 98%;[3] Нагорно-Карабах: 99%;[4] Џавахетија: 95%)[5] Жолто: Историски ерменски области со моментално без или незначително ерменско население (Западна Ерменија и Нахичеван) ![]() Обединета Ерменија или Голема Ерменија (ерменски: ՄիացեալՀայաստան) — поим кој се однесува на областите во рамките на традиционалната ерменска татковина, кои во моментов или во минатото биле претежно населени со Ерменци. Идејата за она што Ерменците го гледаат како обединување на нивните историски земји преовладувала во текот на XX век и било застапувано од поединци, разни организации и институции, вклучувајќи ги и националистичките партии Ерменска револуционерна федерација, Наследство, ТАОЕ и други. Идејата на Ерменската револуционерна федерација за „Обединета Ерменија“ вклучува територии во Западна Ерменија (источна Турција), Нагорно-Карабах, Нахичеван во Азербејџан и Џавахетија во Грузија.[1][2] Нагорно-Карабах и Џавахетија се претежно населени со Ерменци, додека Западна Ерменија и Нахичеван имале значително ерменско население во почетокот на XX век, но денес повеќе не е така. Ерменското население во источна Турција било речиси целосно истребено за време на геноцидот од 1915 година, кога било прекинато долгото ерменско присуство во оваа област и ерменското културно наследство главно било уништено од страна на турската влада.[9][10] Во 1919 година, владата на Првата Ерменска Република го прогласила формалното обединувањето на ерменските земји. Ерменската револуционерна федерација ги заснова своите тврдења кон териториите кои денеска се наоѓаат во Турција на Договорот од Севр од 1920 година, кој бил негиран од последователните историски настани. Територијалните претензии кон Турција често се сметаат за крајна цел за препознавање на ерменскиот геноцид и хипотетичките репарации на геноцидот[11][12]. Најновото ерменско иредентистичко движење, Движењето Карабах кое било основано во 1988 година, се обидело да го обедини Нагорно-Карабах со тогаш Советската Ерменија. Како резултат на последователната војна со Азербејџан, ерменските сили воспоставиле делотворна контрола над најголемиот дел од Нагорно-Карабах и околните области, со што успеале де факто да ја обединат Ерменија и Карабах[13][14]. Некои ерменски националисти сметаат дека Нагорно-Карабах е „првата фаза на Обединета Ерменија“[15]. Историски тврдења![]() ПотеклоВо денешно значење, терминот „Обединета Ерменија“ бил измислен за време на Ерменското национално будење во втората половина на 19 век. Во овој период, ерменските населби биле поделени меѓу Руското Царство (Источна Ерменија) и Отоманското Царство (Западна Ерменија)[16]. Една од најраните употреби на терминот „Обединета Ерменија“ е од страна на англиското Друштво на пријателите на руската слобода во 1899 година. Според тврдењата, од нивна страна се цитира доверлив извештај на Григориј Голицин (рускиот гувернер на Кавказ) испратен до царот Никола II „кој содржи предлози за идна политика“. Голицин е убеден дека постои националистичко движење кое „има за цел враќање на независната Ерменија од минатото“. Голицин пишува дека „нивниот идеал е една голема и обединета Ерменија“[17]. Идејата за независна и обединета Ерменија била главната цел на Ерменското национално ослободително движење кон крајот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век[18]. До 1890-тите, вооружен конфликт со мал интензитет се развил меѓу трите најголеми ерменски партии - Ерменската револуционерна федерација (Дашнак), Хунчак и Арменакан - и отоманската влада[19]. Повиците од Големите сили за реформи во ерменските провинции и ерменските аспирации за независност резултирале со масакри помеѓу 1894 и 1896 година, за време на кои до 300.000 ерменски цивили биле заклани по наредба на султанот Абдул Хамид II, по кој биле именувани и масакрите[20][21]. По 1908 година и Младотурската револуција, некои Ерменци сметале дека ситуацијата ќе се подобри. Сепак, една година подоцна се случил масакрот во Адана, а турско-ерменските односи уште повеќе се влошиле[22]. По Балканските војни од 1912-1913 година, отоманската влада била принудена да ги прифати реформите во ерменските провинции во почетокот на 1914 година[23]. Прва светска војна и ерменскиот геноцид![]() Ерменците од источното Отоманско Царство биле истребени од страна на отоманската влада во 1915 година и следните години. Околу 1,5 милиони Ерменци биле убиени[24][25], додека преживеаните нашле засолниште во други земји. Овој настан, познат како Ерменски геноцид, официјално е негиран од страна на турската држава, која тврди дека убиствата биле резултат на „граѓанска војна“[26]. Отоманската влада успешно го завршила присуството на Ерменците по повеќе од две илјади години во Западна Ерменија[27][28]. До 1916 година, поголемиот дел од Западна Ерменија бил окупиран од Руското Царство како дел од Кавкаската кампања на Првата светска војна. Во делови од окупираните области, особено околу Ван, накратко била поставена ерменска автономија. Руската војска го напуштила регионот поради револуцијата од 1917 година. Отоманското Царство по ова многу бргу ги вратила изгубените териториите. Во Кавказ, Специјалниот Закавкаски комитет бил формиран по Февруарската револуција[29]. Болшевиците ја презедоа власта во Русија преку Октомвриската револуција и наскоро го потпишале примирјето од Ерзинџан напуштајќи ја борбата во турска Ерменија. Руските сили ги напуштиле своите позиции и ја напуштиле областа под слаба ерменска контрола. Болшевиците го формирале Закавкаскиот комесаријат на Кавказ. Договорот од Брест-Литовск бил потпишан на 3 март 1918 година и османлиската војска започнала да ги враќа изгубените територии, преземајќи го Карс до 25 април[30]. Русија го потпиша Договорот од Брест-Литовск со Отоманското Царство и до април 1918 година Транскавкаската федерација ја прогласила својата независност од Русија. Оваа кревка федерација на Ерменија, Грузија и Азербејџан се распаднала кога Турците го нападнале регионот Кавказ. Ерменските единици ги поразиле Турците во Битката кај Сардарапад, на само 40 километри од главниот град Ереван, спречувајќи целосно уништување на ерменската нација[31]. ![]() Книгата од 1918 година од американските научници Летроп Стодард и Глен Франк, насловена „Влоговите на војната“, наведува 8 решенија за ерменското прашање. Вториот предлог, под наслов „Обединета Ерменија“, е опишан како што следува[34]:
Прва Ерменска Република: 1918-1920![]() Ерменскиот национален совет ја прогласил независноста на ерменските провинции на 28 мај 1918 година[35]. Таа била признаена од Османлиите со договорот од Батум на 4 јуни 1918[36]. По поразот во Првата светска војна, Отоманското Царство и сојузниците го потпишале примирјето од Мудрос со кое турските војници го напуштиле Кавказот и до 1919 година Република Ерменија воспоставила контрола над поранешната област Карс, градот Игдир и неговата околина, вклучувајќи ја и планината Арарат[37][38]. На 28 мај 1919 година, на првата годишнина од Република Ерменија, владата на новооснованата земја симболично го прогласила обединувањето на Источна и Западна Ерменија[39]. Ерменскиот премиер Александар Хатизјан ја прочитал декларацијата[40][41]:
Договор од Севр![]() Речиси две години по основањето на Република Ерменија, на 23 април 1920 година, САД официјално ја призната земјата. Нејзините граници требало да се утврдат подоцна. На 26 април 1920 година, Врховниот совет на главните сојузнички и здружени сили во Париз (британскиот премиер Лојд Џорџ, францускиот премиер Жорж Клемансо и италијанскиот премиер Франческо Саверио Нити) побарале од САД да го прифатат мандатот за Ерменија и да направат арбитражна одлука за утврдување на границите на Ерменија со она што денес е Турција [42]. Претседателот Вудро Вилсон се согласил да дејствува како арбитер и да извлече заемно прифатлива граница меѓу двете нации. Во јули 1920 година, американскиот Стејт департмент го основал Комитетот за арбитража на границата помеѓу Турција и Ерменија, предводен од Вилијам Вестерман. Договорот од Севр бил потпишан на 10 август 1920 година помеѓу Отоманското Царство и сојузничките сили. На 28 септември 1920 година, Комитетот доставил извештај со кој се дефинира границата меѓу двете земји. Документот гарантирал пристап до Средоземното Море за Ерменија преку Трабзон и ја прогласил денешната погранична линија за демилитаризирана на пограничните региони на Турција[43]. Територија од 40.000 квадратни милји или 103.599 квадратни километри, порано дел од Отоманското Царство, била дадена на Ерменија. Врз основа на пресметките што ги направил комитетот, етничката структура на населението од 3.570.000 лица би била: 49% муслимани (Турци, Курди, Азери и други), 40% Ерменци, 5% Лази, 4% Грци и 1% останати. Се очекувало дека во случај на враќање на ерменските бегалци, тие ќе сочинуваат до 50% од населението[44]. Два месеци откако комитетот го доставил извештајот до Стејт департментот, претседателот Вудро Вилсон го примил на 12 ноември 1920 година. Десет дена подоцна, Вилсон го потпишал извештајот со наслов „Одлука на претседателот на Соединетите Американски Држави, почитувајќи ја границата меѓу Турција и Ерменија, Пристапот на Ерменија до морето и демилитаризацијата на турската територија во непосредна близина на ерменската граница“.[45] Извештајот бил испратен до американскиот амбасадор во Париз, Хју Кембел Валас, на 24 ноември 1920 година [46]. На 6 декември 1920 година, Валас ги доставил документите до генералниот секретар на мировната конференција за поднесување до Врховниот совет на сојузниците[46]. Договорот од Севр бил подоцна поништен по успешната Турска војна за независност против сојузничките сили и придружните сили, што довело до укинување на царството и основање на модерна Република Турција со договорот од Лозана во 1923 година. Падот на Првата РепубликаКон крајот на септември 1920 година, се случила војна меѓу Ерменија и турските националисти предводени од Мустафа Кемал (Владата на Големото Национално Собрание), предводена од Ќазим Карабекир. Турците го освоиле Карс на 30 октомври 1920 година[47]. Со турската војска во Александропол, болшевиците ја нападнале земјата од североисток, а на 29 ноември 1920 година ја прогласиле Ерменија за советска држава. На 2 декември 1920 година, Ерменија станала советска држава, според заедничкото прогласување на ерменскиот министер за одбрана и советскиот претставник Борис Легран во Ереван. Ерменија била принудена да го потпише договорот од Александропол со Владата на Големото национално собрание во ноќта 2-3 декември 1920 година[48][49][50]. Договорот од Севр и работите на Вилсон биле поништени[51]. Веднаш по Советската инвазија на Ерменија во ноември 1920 година, советскиот азербејџански водач Нариман Нариманов изјавил дека „старите граници меѓу Ерменија и Азербејџан се прогласени за ништовни. Планинскиот регион Карабах, Зангезур и Нахичеван се признати како составен дел на Социјалистичката Република Ерменија“.[52] И покрај овие гаранции, и Нахичеван и Карабах се држеле под азербејџанска контрола уште осум месеци[53]. На 16 март 1921 година Советската Русија и Владата на Големото национално собрание го потпишале договорот од Москва. Со овој договор, Карс и Ардахан биле отстапени на Турција, а Нахичеван бил ставен под протекторат на Азербејџан[54]. Договорот од Карс бил потпишан помеѓу Владата на Големото Национално Собрание од една страна и Ерменската ССР, Грузиската ССР и Азербејџанската ССР, од друга, потврдувајќи го Договорот од Москва[55]. 1945-1953![]() По завршувањето на Втората светска војна во Европа, Советскиот Сојуз направил територијални претензии кон Турција. Јосиф Сталин ја повикал Турција за да ги отстапи Карс и Ардахан, враќајќи ја границата пред Првата светска војна меѓу двете земји. Покрај овие провинции, Советскиот Сојуз, исто така, го посакал и Босфорот. „Сталин, можеби, очекуваше дека Турците, шокирани од триумфот на Црвената армија, ќе се откажат, а Вашингтон и Лондон ќе го прифатат како фаворит“, напишал Џамил Хасанли[56]. Атена Леуси додаде: „Додека мотивите на Сталин можат да се дебатираат, за Ерменците дома и во странство повторното појавување на ерменското прашање ги оживеа надежите за територијално обединување“.[57] На 7 јуни 1945 година, советскиот министер за надворешни работи, Вјачеслав Молотов, го информирал турскиот амбасадор во Москва дека СССР побарал ревизија на својата граница со Турција[58]. Советските власти организирале репатријација на Ерменците што живеат во странство, претежно преживеани од ерменскиот геноцид[59]. Помеѓу 1946 и 1948 година, во Советска Ерменија се преселиле 90.000 до 100.000 Ерменци од Либан, Сирија, Грција, Иран, Романија, Франција и други земји[60][61][58]. Бирото за стратешки услуги (претходник на ЦИА) од 31 јули 1944 година објавил дека ерменската револуционерна федерација го променила своето екстремно антисоветско расположение поради растот на советската моќ на крајот на војната[62]. Во меморандумот испратен на московската конференција, поглаварот на ерменската црква Геворг VI изразил надеж дека „правдата конечно ќе биде изречена“ на Ерменците со „ослободувањето на турска Ерменија и нејзината анексија кон советската Ерменија“.[63] Ерменскиот комунистички водач Григор Харутинјан ги бранел тврдењата, опишувајќи ги Карс и Ардахан „од витално значење за ерменскиот народ како целина“. Советската ерменска елита сугерирала дека Ерменците го стекнале правото на Карс и Ардахан со нивниот придонес во советската борба против фашизмот[64]. Ерменските организации од дијаспората, исто така, ја поддржале идејата[58]. Со оглед на тоа што односите меѓу Западот и Советскиот Сојуз се влошиле, САД и Велика Британија дале поддршка на Турција[65][58]. Сепак, по смртта на Сталин, тие официјално се повлекле од своите тврдења[56], со што го прекинаа спорот[66]. Студена војнаЕрменскиот национализам повторно се зголемил во средината на 1960-тите години откако Никита Хрушчов дошол на власт и му дал релативна слобода на Советскиот народ за време на десталинизационата ера. На 24 април 1965 година, на 50-годишнината од Ерменскиот геноцид, во Ереван се одржале масовни демонстрации[67]. Илјадници Ерменци излегле на улиците на Ереван за да ја одбележат годината од геноцидот. Сепак, нивната цел не била „да се предизвика авторитетот на советската влада“, туку да се „привлече вниманието на владата“ кон геноцидот и да се убеди „советската влада да им помогне во враќањето на нивните изгубени земји“.[68] Кремљ, во согласност со барањата на демонстрантите, наредил да биде изграден меморијален центар за геноцидот. Споменикот, кој бил изграден на ридот Цицернакаберд, бил завршен во 1967 година[68] ![]() Во 1960-тите и 1970-тите започнал порастот на подземна политичка и вооружена борба против Советскиот Сојуз и турската држава во и надвор од Ерменија. Во 1966 година, нелегалната националистичка партија наречена Национална Обединета Партија била основана од страна на Хајказ Хачатријан во Ереван. Движењето тајно работело во советска Ерменија од 1966 до крајот на 1980-тите, а по затворањето на нејзините основачки членови во 1968 година, на нејзино чело застанал Парур Ајрикјан, кој се залагал за создавање на Обединетата Ерменија преку самоопределување[69]. Повеќето од членовите биле уапсени и движењето било забрането. Иако движењето било обвинето за московските бомбашки напади во 1977 година[70], според историчарот Џеј Бергман, главниот организатор на бомбардирањето „никогаш не бил утврден[71]“. Според Жерар Либаридијан, „до 1970-тите, признавањето на ерменскиот геноцид стана многу важна цел на ерменската кауза и политичките партии во дијаспората што го поврзаа признавањето на геноцидот и сонот за поголема Ерменија, бидејќи признавањето на Турција на геноцидот ќе претставува правна основа за ерменските аспирации за Западна Ерменија[72]“. Од средината на 1970-те до крајот на 1980-тите години, неколку ерменски милитантни (често се сметаат за терористички) групи работеле на Блискиот Исток и Западна Европа. Најважна била т.н., Тајна армија за ослободување на Ерменија или ТАОЕ која спровела вооружени напади врз турските дипломатски мисии низ целиот свет[73][74]. Исто така, слични напади, биле извршени и во Западна Европа[75] од страна на т.н. Борци за справедноста на ерменскиот геноцид. Дејвид Ц. Рапопорт тврди дека овие организации биле инспирирани од Гурген Јаникјан, 77-годишен ерменски преживеан од геноцид, кој убил двајца турски конзуларни претставници во Калифорнија во 1973 година како чин на одмазда против Турција[76]. ТАОЕ била најголема од организациите и во најголем дел била составена од либански ерменски млади луѓе, кои барале одмазда за Ерменскиот геноцид, кој турската држава го негирала до денес. Концептот на Обединетата Ерменија бил една од крајните цели[77][78]. Вилијам Далримпл и Оливие Рој тврдат дека ерменскиот геноцид станал интернационализиран како резултат на активностите на ерменските милитантни групи во западноевропските земји[79][80]. Нагорнокарабашки конфликт: 1988-1994Во февруари 1988 година, во Советска Ерменија и во Нагорно карабахската автономна област (НКАО), мала ерменска енклава под јурисдикција на Советски Азербејџан од 1923 година[81], се појавило популарно националистичко движење. Движењето барало обединување на двата ентитета, заживувајќи ја идејата за Обединета Ерменија[82][83]. На 20 февруари 1988 година, Врховниот совет на Нагорно-Карабах (регионално законодавство) издало барање за отстапување на регионот од Советски Азербејџан во Советска Ерменија[84][85]. Московската влада ги отфрлила барањата, додека стотици илјади луѓе демонстрирале во Ереван за поддршка на идејата[86]. Неколку дена подоцна, на 26 февруари, во азерскиот индустриски град Сумгајит избувнал антиерменски погром, принудувајќи илјадници Ерменци масовно да го напуштат Азербејџан[87]. На 15 јуни 1988 година, Врховниот совет на Советска Ерменија гласал за вклучување на Нагорно-Карабах во составот на Ерменија[88]. На 17 јуни 1988 година, азербејџанскиот Врховен Совет одбил да ја даде областа на Ерменија, велејќи дека е дел од Азербејџан[88]. Водечките членови на Карабахскиот комитет, група интелектуалци што ги воделе демонстрациите, биле уапсени во декември 1988 година, но биле ослободени во мај 1989 година[84]. На 1 декември 1989 година Советскиот ерменски Врховен совет и Врховниот совет на НКАО прогласиле обединување на двата ентитета[89]. Во јануари 1990 година се случил уште еден погром против Ерменците, овој пат во Баку. Во меѓувреме, повеќето Азери од Ерменија и Ерменци од Азербејџан ги напуштиле своите домови и се преселиле во нивните земји. Членовите за независност биле избрани од мнозинството на Ерменскиот парламент на изборите во 1990 година[90]. На 23 август 1990 година, ерменскиот парламент усвоил резолуција за сувереност [90]. Тензиите се зголемиле уште повеќе откако советските и азерските сили депортирале илјадници Ерменци од Шахумјан во текот на т.н. Операција „Прстен“ во април и мај 1991 година. По неуспешниот Августовски државен удар, повеќе советски републики прогласиле независност. На 2 септември 1991 година, Република Арцах прогласила независност[91]. На 21 септември 1991 година, бил одржан Референдумот за независност на Ерменија. На 26 ноември 1991 година, азербејџанскиот парламент ја укинал автономијата на Нагорно-Карабах[92]. На 10 декември 1991 година, во Нагорно-Карабах се одржал референдум за независност, бојкотиран од азербејџанското малцинство, според кој 99% од гласачите гласале за независност[92]. Конфликтот ескалирал во целосна војна со освојување на градот Шушс од страна на ерменските сили на 9 мај 1992 година. До 1993 година, ерменските сили ја презеле контролата не само над Нагорно-Карабах, туку и на неколку окрузи околу регионот[93]. На 5 мај 1994 година, во Бишкек, Киргистан, бил потпишан договор за прекин на огнот. Според Томас де Вал, три фактори придонеле за победата на ерменската страна: „Политичкиот и воениот хаос во Азербејџан, поголемата поддршка на Русија за Ерменците и супериорните борбени вештини на Ерменците“[94]. Од прекинот на огнот во 1994 година, ерменски Нагорно-Карабах де факто контролира територии преземени во војната[95]. Моментална состојбаЕрменска револуционерна федерацијаОд своето основање во 1890 година, левичарската националистичка Ерменска револуционерна федерација е позната како главен застапник zа Обединета Ерменија[96]. Со здружени организации низ ерменските заедници во странство, ERF се смета за една од највлијателните ерменски институции во светот, особено во дијаспората[97][98]. Според истражувачот Арус Арутуnјан, партијата „јасно стави до знаење дека историската правда ќе биде постигната откако ќе се вратат ерменските територии во обединета Ерменија, која, покрај постоечките политички граници, ќе ги вклучи и Западна Ерменија, Нагорно Карабах, Нахичеван и Џавахетија[2]. Во партиската програма од 1998 година се наведува дека првата цел на ЕРФ е „Создавање слободна, независна и обединета Ерменија. Обединетата Ерменија треба да ги вклучи во своите граници ерменските земји [дадени на Ерменија] со Договорот Севр, како и Арцах[99]“. „Слободна, независна и обединета Ерменија“ е главниот слоган на партијата[100][101], и бил усвоен како нејзина „врвна цел“ на 10-тиот партиски конгрес во Париз (1924-25)[102]. Хрант Маркарјан, претседател на Бирото на ЕРФ, на партискиот конгрес 2004 изјавил[103]:
Наследство (партија)Иако платформата на националната либерална партија Наследство не прави експлицитно повикување на територијални претензии, нејзиниот водач и некои негови членови изразиле поддршка за нив. Наследство го поддржува формалното признавање на Нагорно-Карабах од страна на Ерменија и повела постапки за признавање на НКР до Ерменското национално собрание во 2007, 2010 и 2012 година. Иако сите три обиди биле изгласани од владејачката Републиканска партија[104], нејзиниот водач и прв министер за надворешни работи изјавил дека Западна Ерменија, Џавахетија и Нахичеван остануваат со недефиниран статус[105]. На пример, за време на говорот во 2013 за неговите идни планови, тој изјавил дека „само со [постоењето на] влада која им припаѓа на народот ќе имаме свест за нашиот национален интерес - со Арцах, Џавахетија, Западна Ерменија која е иднина за нашите деца“[106]. Во 2011 година, водечкиот член на партијата, Зарухи Постанџјан, изјавила во отворено писмо до претседателите на Ерменија и НКР дека со организирање репатријација на дијаспората Ерменци во Ерменија и Нагорно-Карабах, „ќе создадеме основа за ослободување на целата своја татковина[107]“. На конференцијата во април 2015 година за стогодишнината на Ерменскиот геноцид, таа изјавила дека Ерменија треба „да го врати својот територијален интегритет“, тврдејќи дека „територијата е нејзина историска татковина“. На прашањето за тоа колку се реални ерменски тврдења за нејзините историски земји, водачот на Наследство одговорил: „Денешниот романтичар ќе стане утрешен реалист“[108]. Во едно мислење објавено во The Jerusalem Post од 11 април 2015 година, тој напишал дека Турција ја освоила Западот Ерменија и повикала на „создавање на ерменско национално огниште во историска Западна Ерменија“. Тој додал и дека „преговорите меѓу републиките на Турција и Ерменија ја поттикнуваат првата суверена реципрочна демаркација на официјалната граница, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на одредбите за ерменска службеност кон Црното Море“[109]. Територијална состојбаСовремената употреба на Обединета Ерменија од Ерменската револуционерна федерација (ЕРФ) ги опфаќа следните области:[99][1][2]
Нагорно-Карабах (Арцах)![]() По завршувањето на Нагорнокарабашката војна, Нагорнокарабашката Република, поддржана од Република Ерменија, ја презела контролата над територија на околу 11.500 км2,[113] вклучувајќи неколку области надвор од првично утврдените граници, создавајќи тампон зона[114][95]. Келбеџер и Лачин го гарантираат цврстиот коридор помеѓу Ерменија и Нагорно-Карабах[115][95]. Помеѓу 500.000 и 600.000 Азербејџани биле раселени од областа[116][117]. Во меѓувреме, речиси сите Ерменци од Азербејџан (помеѓу 300.000 и 400.000)[118][119] и Азери од Ерменија (над 150.000) биле принудени да се преселат во нивните земји, бидејќи останувањето во нивните домови станало речиси невозможни бидејќи тензиите меѓу двете групи се влошиле уште од почетокот на конфликтот во 1988 година[120][121][122]. Нагорнокарабашката република (исто така позната како Арцах меѓу Ерменците) останува меѓународно непризнаена. Денес, Република Ерменија и Нагорнокарабашката република де факто функционираат како еден ентитет[14][123][124][125][126][127][128], иако територијата на Нагорнокарабашката република е меѓународно признаена како де јуре дел од Азербејџан. Нагорно-Карабах е повеќе моноетнички дел од Република Ерменија, со 99,7% од нејзиното население ерменско. Азербејџанското малцинство било принудено да замине за време на војната. Областите надвор од оригиналните граници кои ги презедоа ерменските сили за време на војната, се најчесто ненаселени или многу ретко населени, при што градот Лачин е исклучок. Помеѓу 2000 и 2011 година, во НКР се населиле 25.000 до 30.000 луѓе[129]. Од крајот на конфликтот, Ерменија и Азербејџан преговараат преку Мисијата на ОБСЕ. Претседателите и министрите за надворешни работи на двете земји се состануваат меѓусебно, заедно со руските, француските и американските копретседатели, обидувајќи се да најдат решение за „замрзнатиот конфликт“ како што го опишале експертите[130]. Ерменија и Азербејџан редовно разменуваат остри пораки во судирите низ својата граница[131][132]. Џавахетија![]() Областа Џавахетија ги опфаќа областите на Ахалкалаки и Ниноцминда, и дел од провинцијата Самцхе-Џавахетија во Грузија[134][135][136]. Областа претежно е населена со ерменско население (околу 95%)[137]. Областа е географски изолирана од остатокот од Грузија и останува економски и социјално изолирана од Грузија[138]. Според Сванте Корнел, Џавахетија ужива „широка културна автономија и одредени грузиски аналитичари забележуваат дека регионот е во пракса колку Ерменија толку и во Грузија. Особено е полесно да го заобиколиме користењето на ерменскиот од грузискиот јазик во овој регион, а странските посетители тврдат дека во почетокот имале потешкотии во определувањето во која земја се наоѓаат“[137]. Генерално, Евреите живеат во разумна меѓуетничка хармонија во рамките на Грузија, иако постои прилично силен страв за иднината и чувство на несигурност[137]. Џевахетија, заедно со Лори и Борчали, биле спорни територии помеѓу Ерменија и Грузија од 1918 до 1920 година. Во декември 1918 година се случил краток вооружен конфликт, главно во Лори[139]. Обединетата демократска алијанса на Џавахетија, локална цивилна организација, е главната организација која се залага за ерменска автономија во регионот[140]. Таа била основана во 1988 година, за време на распаѓањето на Советскиот Сојуз[141]. Таа води кампања за референдум за добивање на автономија[142][143]. Се верува дека организацијата има блиски врски со Ерменската револуционерна федерација[143][142]. Иако ЕРФ тврди дека е дел од Обединета Ерменија, светските конгреси на ЕРФ „се согласија со барањата на Ерменците дека Џавахетија со висок степен на самоуправа во рамките на федералната Грузија ќе може да се одржи и би имала силна врска во грузиско-ерменските односи“[144]. Претседавачот на Одборот на ЕРФ, Хрант Маркарјан, на партискиот конгрес во 2004 година изјавил: „Сакаме силна, стабилна и автономна Џавахетија која е дел од Грузија и ужива државна грижа“.[103] Водачот на Демократскиот сојуз на Обединета Џавахетија, бил уапсен во 2008 година и ослободен во 2013 година. Во статијата од 2014 година се вели дека алијансата има малку влијание денес[145]. За време на претседателствувањето на Звијад Гамсахурдија (1991), областа останала де факто полунезависна и само во ноември 1991 година гувернерот бил назначуван од Тбилиси, кој можел да ја преземе власта[б 2]Прашањето за областа во 1990-тите „е јасно перцепирано како најопасниот потенцијален етнички конфликт во Грузија“, меѓутоа, не се случил вистински вооружен конфликт[146]. Земајќи ја предвид важноста на билатералните односи, владите на Ерменија и Грузија воделе внимателна и смирувачка политика за да се избегне напнатоста[147]. Ерменската влада не направила територијални претензии кон Грузија, ниту пак повикала на автономија[148]. Односите помеѓу Ерменија и Грузија традиционално се пријателски[149][150], меѓутоа, од време на време се јавуваат тензии помеѓу двете земји. Во последниве години, статусот на ерменски цркви во Грузија[151][152] и статусот на ерменскиот јазик во грузиските јавни училишта претставувал предмет на спор[153][154]. Сванте Корнел тврди дека „Ерменија се чини дека има смирувачко влијание врз Џевахетија, бидејќи е многу зависна од Грузија за увоз"[143]. Ова гледиште го делат и грузиските аналитичари[155]. Ерменскиот националистички активист Александар Јеникомшијан сугерирал дека постојат три долгорочни решенија за прашањето на Џевахетија: 1) регионот и понатаму останува дел од Грузија, каде што се заштитени правата на ерменското население; 2) Арцахизација, односно де факто обединување со Република Ерменија 3) Нахичеванизација, односно Џевахетија го губи ерменското население[156]. Западна Ерменија (источна Турција)
Западна Ерменија се однесува на недефинираната област, сега во источна Турција, во која живееле значително ерменско население пред Ерменскиот геноцид од 1915 година[157][158]. Како резултат на геноцидот, официјално не живеат Ерменци денес во областа[159]. Сепак, во оваа област живеат најмалку две различни ерменски групи. Хемшините, исламизирана група со ерменско етничко потекло[160][161], живеат на брегот на Црното Море, посебно во провинцијата Ризе[162]. Друга група, „Скриени Ерменци“, живеат низ цела Турција, особено во источните делови на земјата. Многу од нив се асимилирани од Курдите. Невозможно е да се утврди колку има поради фактот што го чуваат својот идентитет скриен, но проценките се движат од под 100.000 до милиони[163]. По Ерменскиот геноцид, во областа најмногу се населиле Курдите и Турците[164], со помал број Азери (во близина на турско-ерменската граница)[165] и Грузијци во североисточните провинции во Турција[166][167]. Општо земено, ерменските националистички групи тврдат дека областа е источно од границата што ја нацртал американскиот претседател Вудро Вилсон за Договорот од Севр во 1920 година. Ерменската револуционерна федерација и групите кои го поддржуваат концептот на Обединетата Ерменија тврдат дека Договорот од Севр, потпишан на 10 август 1920 помеѓу Отоманското Царство и сојузниците, вклучувајќи ја и Ерменија, е единствениот правен документ кој ја одредува границата меѓу Ерменија и Турција.[note 1][168][169][170] Поранешниот заменик-министер за надворешни работи на Ер Ара Папијан тврди дека „Вилсонската Ерменија, територијата доделена на Република Ерменија во 1920 година од страна на Вилсон во рамките на Договорот од Севр, сè уште е де јуре дел од Ерменија[171]. Според него, Договорот од Карс, кој ја определува сегашната турско-ерменска граница, нема правна вредност, бидејќи бил потпишан помеѓу две меѓународно непризнаени земји: Болшевичка Русија и Кемалистичка Турција[172]. Папијан предложил ерменската влада да поднесе тужба до Меѓународниот суд на правдата за да ја оспори границата меѓу Ерменија и Турција[170]. 22 ноември некои Ерменци го слават како годишнина од Арбитражната награда[173][174]. Во 2010 и 2011 година, во Ереван биле залепени плакати со карти од Договорот од Севр[note 2][175] Официјална позиција на ЕрменијаОд независноста на Ерменија од Советскиот Сојуз во 1991 година, ерменската влада официјално не поднела никакви територијални претензии кон Турција.[176][177][178] Сепак, ерменската влада избегнала „експлицитно и формално признавање на постојната турско-ерменска граница“"[179]. Во 2001 година, ерменскиот претседател изјавил дека „признавањето на геноцид нема да доведе до правни последици или територијални претензии“[180]. Во 2010 година, ерменскиот претседател Серж Саркисјан се обрати на конференцијата посветена на 90-годишнината од Арбитралната награда на Вудро Вилсон:
На 23 јули 2011 година, за време на состанокот на ерменскиот претседател Серж Саркисјан со учениците од центарот за одмор, еден студент го прашал од Саркисјан дали Турција „во иднина ќе ја врати Западна Ерменија“, на кое тој одговорил[179]: (
) Неговите изјави биле разгледувани од турските власти за младите ученици да ја исполнат задачата на својата генерација и да ја окупираат источна Турција[183]. За време на неговата посета на Баку неколку дена подоцна, турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган ги осуди изјавите на Саркисјан и ги опишал како провокација и тврдел дека Саркисјан ова им го рекол на младите Ерменци за да бидат подготвени за идна војна со Турција[179]. Ердоган побарал извинување од Саркисјан, нарекувајќи ги неговите изјави погрешни[184]. Како одговор, заменикот министер за надворешни работи на Ерменија изјавил дека зборовите на Саркис се пренесени надвор од контекст[183]. На 5 јули 2013 година[185], за време на форумот на ерменски адвокати во Ереван на 100-годишнината од Ерменскиот геноцид организиран од Министерството за дијаспора, ерменскиот обвинител Агван Ховсејан направил „сензационална изјава“[note 3][170][186]. Тој изјавил:
Според новинската агенција ArmeniaNow.com, ова се гледа како на првото територијално барање на Ерменија до Турција, направено на официјално ниво. Главниот обвинител е носител на највисоката законска власт во земјата, а неговата изјава е еднаква на официјалната изјава[170]. Како одговор, турското Министерство за надворешни работи објавило соопштение на 12 јули 2013 година со кое ги осудило изјавите на Хусепјан. Според турската страна, неговите изјави го одразуваат „проблематичниот менталитет во Ерменија што преовладува, за територијалниот интегритет на соседот Турција“. Во соопштението се вели дека „треба да се биде свесен дека никој не може да претпостави дека ќе бара земјиште од Турција“[187]. Нахичеван![]() Ерменската традиција вели дека Нахичеван бил основан од Ное[188]. Ерменците живееле во Нахичеван уште од античко време. Тој бил еден од гаварите на провинцијата Васпуракан во Кралството Ерменија. Во 189 п.н.е., Нахичеван станал дел од новото Кралство Ерменија основано од Арташес I[189]. Во рамките на кралството, регионот на денешен Нахичеван бил дел од провинциите Ајрарат, Васупракан и Суник[190]. До 16 век, контролата над преминала во рацете на династијата Сафавиди од Персија. Поради својата географска положба, таа честопати страдала за време на претходните војни меѓу Персија и Отоманското Царство во 14-18 век. Во 1604-1605 година, шахот Абас I се загрижел дека териториите на Нахичеван и околните области потенцијално би можеле да поминат во османлиски раце, па одлучил да воспостави политика на изгорена земја. Тој принудил 300.000 Ерменци[191], вклучувајќи го и ерменското население во Нахичеван да ги напуштат своите домови и да се преселат во персиските провинции јужно од реката Арас[192]. По последната руско-персиска војна во 1826-1828 година, Нахичеван станал дел од Русија според Договорот од Туркменхај. Александар Грибоедов, рускиот претставник во Персија, објавил дека 1.228 ерменски семејства од Персија мигрирале во Нахичеван, додека пред нивната миграција живееле 2.024 муслимани и 404 ерменски семејства што живееле во покраината[193]. Според пописот на Руското Царство од 1897 година, Нахичеванскиот ујезд на Ереванската Губернија имала население од 100.771 жители, од кои 34.672 биле Ерменци (34,4%), додека Кавкаските Татари (Азери) броеле 64.151 или 63,7% од вкупното население[194]. Процентот на Ерменци бил околу 40% пред Првата светска војна[195][196]. Нахичеван бил спорен меѓу Ерменија и Азербејџан од 1918 до 1920 година за време на кратката независност на земјите. Ерменското население на Нахичеван во голема мера побегнало од областа за време на османлиската инвазија во 1918 година[197]. До јуни 1919 година, откако британските сили ја напуштиле областа, Ерменија успеала да воспостави контрола над Нахичеван. Некои од Ерменците се вратиле во своите домови во летото 1919 година[198]. Повторно, поголемо насилство избило во 1919 година, оставајќи околу 10.000 Ерменци мртви и околу 45 ерменски села уништени[199]. По советското преземање на регионот Кавказ во 1920 и 1921 година, Московскиот договор, исто така познат како Договорот за братство, бил потпишан помеѓу Владата на Големото национално собрание и Советска Русија на 16 март 1921 година. Според овој договор, Нахичеван станал „автономна територија под покровителство на Азербејџан, под услов Азербејџан да не се откаже од протекторат на која било трета страна“[200]. Договорот од Карс бил потпишан помеѓу Големото национално собрание и Ерменска ССР, Азербејџанска ССР, Грузиска ССР на 13 октомври 1921 година. Договорот потврдил дека „турската влада и советските влади на Ерменија и Азербејџан се согласуваат дека регионот на Нахичеван ... претставува автономна територија под заштита на Азербејџан“[201]. До средината на 1920-тите, бројот на Ерменци во Нахичеван значително се намалил и според советскиот попис од 1926 година Ерменците сочинуваат само 10,7% од автономната република[202]. За време на советскиот период, Ерменците во Нахичеван се чувствувале „под притисок да заминат од земјата“.[195] Според советскиот попис од 1979 година, само 3.406 Ерменци живееле во Нахичеван или 1,4% од вкупното население[203]. Последните неколку илјади Ерменци го напуштиле Нахичеван во 1988 година, поради конфликтот во Нагорно-Карабах[204]. Во август 1987 година, Ерменската национална академија на науките започнала петиција за пренесување на надлежноста на Нахичеван и Нагорно-Карабах на Ерменија[205]. Во националистичкото движење за обединување на Нагорно-Карабах, Ерменците „го користеа примерот на бавната деерменизација на Нахичеван во текот на дваесеттиот век, како пример за она што тие се плашеле дека ќе им се случи“.[206][195] За време на војната во Нагорно-Карабах, се случиле судири меѓу ерменските и армиските сили на границата Нахичеван-Ерменија, но војната не се прелеала во Нахичеван. Турција, блискиот сојузник на Азербејџан, се заканила дека ќе интервенира ако Ерменија го нападне Нахичеван[207][208]. Нахичеван бил во центарот на вниманието за време на уништувањето на ерменските гробишта во Џулфа во 2000-тите[209][210][211]. Според истражувањето за ерменска архитектура, поголем дел од ерменските цркви, манастири и гробишта биле уништени од страна на Азербејџан во 1990-тите[212]. Ерменската влада никогаш не поднела никакви барања за Нахичеван, иако имало повици од националистички кругови[213] за насилно анектирање на Нахичеван во случај Азербејџан да го нападне Нагорно Карабах. Директорот на Музејот на азербејџанската книжевност Низами, Руфел Хусејнов, во своето писмено прашање до Комитетот на министри на Советот на Европа во 2007 година тврдел дека „Нахичеван е една од главните воени цели на Ерменија“[214]. Во Harvard International Review во 2011 година азербејџанскиот историчар Алек Расизаде сугерирал дека „ерменските идеолози во последно време почнале да зборуваат за враќањето на Нахичеван“. Кура-АраксПотенцијалниот воен напредок кон централниот дел на Азербејџан, особено до реката Кура, станал дел од ерменската политичка дискусија по војната во Нагорно-Карабах. А максималистичката и експанзионистичката опција, напредувајќи сè до реката Кура, аналитичарите и воените личности ја гледаат како метод за принудување на Азербејџан да се предаде и да се откаже од своите аспирации за Карабах. За други, тоа е реална политика која владата на Ерменија треба да ја убеди да ја преземе контролата врз териториите кои, според неговите застапници, се историски или природни делови на Ерменија[215][216][217][218][219]. Фразата Кура-Аракс била измислена во 2016 година од страна на Левон Ширинјан[220], професор по политички науки и поранешен член на ЕРФ[221], за застапување на армискиот воен напредок на територијата на Азербејџан западно од реката Кура (вклучувајќи го и Нахичеван) за да се постигне целосно предавање на Азербејџан[220] . По војната во Карабах во април 2016 година со Азербејџан, тој изјавил дека Ерменија треба „да ги пренесе воените операции“ во Евлах и сливот на реките Кура и Аракс, објаснувајќи го значењето на двете како што следува: Јевлах е главен центар на железницата Баку-Тбилиси и нафтоводите и гасоводите, додека вториот ќе й даде на Ерменија можност да му помогне на Талишите независна држава во јужниот дел на Азербејџан[222]. Тој тврди дека во Ерменија не може да има мир „ако не стигнеме до Кура-Аракс и да го уништиме Азербејџан како турска држава“[223]. Тој ја формирал Партијата за христијанско-демократска преродба[224] пред парламентарните избори во 2018 година, а како една од главните цели на партијата е основање на ерменска република Кура-Аракс[225]. Идејата била поддржана и од страна на тврдокорната националистичка група предводена од Џираир Сефилјан, која ја презела полициската база во Ереван во јули 2016 година. Варужан Аветисијан, водач на вооружената група, експлицитно ја поддржал идејата од затворот во 2017 година. [230] [231] ] Сефилијан го сторил тоа во април 2018 година[226][227] [228][229]. По нивното ослободување од затвор по Ерменската револуција во 2018 година, припадниците на вооружената група ја формирале панерменската партија Сасна Црер која како една од нејзините главни цели поставила основање на Кура-Аракс. Нивната партиска програма наведува дека Нахичеван и областите на Азербејџан западно од Кура треба да станат дел од Ерменија и, со тоа, да ја формираат Кура-Аракската Република[230][231]. Сефилијан изјавил:
Јавно мислење![]() ![]() Нема податоци за јавното мислење во врска со концептот на Обединетата Ерменија, меѓутоа, според Hürriyet Daily News идејата e популарна меѓу Ерменците[233]. Моше Гамер од Универзитетот во Тел Авив и Емил Аслан од Карловиот универзитет во Прага сугерираат дека концептот е популарен во ерменската дијаспора[234][235] Жираир Либаридијан во 2007 година напишал[236]:
Во 2014 година било направено истражување во Ерменија за тоа дали земјата треба да побара територии од Турција. Околу 80% се согласиле дека Ерменија треба да направи територијални претензии (30% изјавиле само територијални претензии, додека уште 50% - територијални, морални, финансиски и сопственички). Само 5,5% одговориле дека не треба да се поднесуваат барања[237]. Според анкетата за 2012 година, 36% од Ерменците побарале согласност или донекаде се согласиле дека турското признавање на Ерменскиот геноцид ќе резултира со територијален надомест, додека 45% сметале дека нема[238]. Интернет-изданието Barometer.am напишало: „Се чини дека нашето прагматично население верува дека сите можни барања треба да се достават до Турција [...], но релативно мнозинство смета дека практичната реализација на територијалните претензии кон Турција е нереална“.[237] Еден истражувач напишал во списанието Јакобин во 2016 година дека: „Ерменија ја поддржува идејата да се користи Карабах како отскочна даска за да се создаде Голема Ерменија. Но, идејата дека Карабах мора да се одржи без оглед на цената е широко распространета“.[239] Според анкетата од 2017 година во Ерменија 86,4% од испитаниците се спротивставиле на какви било територијални отстапки во конфликтот во Карабах, додека 8,2% би прифатиле концесии заради решавање на спорот[240]. Според истражувањето на Кавкаски барометар во 2013 година, на прашањето дали Нагорно-Карабах е формален дел од Ерменија, 77% од испитаниците „дефинитивно го поддржуваат“ таквиот статус, 13% ќе „прифатат под одредени околности“, а 7% се противат на тоа[241]. Кога биле запрашани дали Нагорно-Карабах да стане независна држава, 56% одговориле дека „дефинитивно ќе го фаворизираат“ таквиот статус, 18% ќе „прифатат под одредени околности“, а 24% изјавиле дека „никогаш нема да го прифатат тоа“. КултураКонцептот за создавање на обединета држава која ќе ги опфати сите ерменски населени области била главната тема на ерменските револуционерни песни. Нерсик Испирјан и Харут Памбукчјан се меѓу најпознатите изведувачи на вакви песни. Еден од најпознатите примери на овие песни е „Ние мора да одиме“ (Պիտի գնանք, Piti gnank) напишана во 1989 година:[242]
Од 2005 до 2008 година, четири кратки анимирани цртани филмови биле објавени од Националниот кино-центар на Ерменија наречен „Патот до дома“ (Ճանապարհ դեպի տուն), продуциран од ерменскиот аниматор Роберт Сакјанц. Таму се раскажува приказна за група ученици од Карин (Ерзурум) во 2050 година, патувајќи низ териториите ослободени од непријателот: Тигранакерт, Багеш (Битлис), Миш и Акдамар. Земјата во која живеат се вика Ајк (Հայք) по историското име на Ерменија. Серијата била емитувана на државната телевизија на Ерменија[243]. Во едно од неговите последни интервјуа, Сакјанц изјавил: „Ако денес снимам филм за тоа како ќе ја вратиме Западна Ерменија, тогаш сум убеден дека тоа дефинитивно ќе се случи“[244]. РеакцииЕрменијаВодечка ерменска комунистичка фигура Анастас Микојан, познат по своите антинационалистички ставови, во 1919 година изјавил дека „ерменските шовинисти кои се потпираат на сојузниците на империјализмот обновиле криминална идеја - создавање на Голема Ерменија на границите на Источна Ерменија. Отсуството на Ерменците и присуството на апсолутно муслиманско население не се однесува на нив ... нашата партија не може да ја поддржи идејата за голема или мала турска Ерменија“[245]. Првиот претседател на Ерменија, Левон Тер-Петросјан (1991-1998), во широко објавениот есеј од 1997 година за конфликтот на Нагорно-Карабах насловен како „Војна или мир? Време е да се биде сериозен“, тврди дека ако Ерменија официјално побара „враќање на ерменска територија од Турција и откажување од Договорот од Карс, тоа ќе биде значајно само за Турција“. Тој тврди дека тоа „ќе и овозможи на Турција повеќе докази за експанзионистичките амбиции на Ерменија“ и ќе го пренасочи меѓународното мислење кон Ерменија[246]. Петросјан, исто така, ја нарекол идејата за Република Кура-Аракс како бајка[247]. АзербејџанПретседателот на Азербејџан, Хајдар Алиев, во 1998 година во својата „Уредба на претседателот на Република Азербејџан за геноцидот на азербејџанскиот народ“ изјавил дека „вештачката територијална поделба во суштина ги создаде предусловите за спроведување на политиката за протерување на азербејџанскиот народ од нивните земји и нивно уништување. Концептот за Голема Ерменија започна да се пропагира[248].“ Во 2012 година, претседателот на Азербејџан и синот на Хејдар Алиев, Илхам Алиев, кој во минатото имал неколку изјави насочени кон Ерменија и Ерменците, изјавил како „нашите главни непријатели се Ерменците низ светот“[249] и дека „во текот на изминатите два века, Ерменски фанатици, во обид да ја материјализираат опсесијата за Голема Ерменија на сметка на историските азербејџански земји, постојано извршуват злосторства против човештвото, како што се тероризмот, масовното истребување, депортација и етничко чистење на нашиот народ“[250]. Турција![]() Во декември 1991 година, Турција станала една од првите земји што ја признале независноста на Ерменија од Советскиот Сојуз[254]. Односите меѓу Ерменија и Турција се влошиле за време на војната во Нагорно-Карабах, при што Турција се приклучила на страната на Азербејџан. Турција го дели турското наследство со Азербејџан, а двете земји генерално се сметаат за сојузници во регионот. Изразот „една нација, две држави“ често се користи за да се опишат односите на овие земји[255]. Во Турција, „многумина веруваат дека територијалните претензии на Ерменија се главната причина зошто ерменската администрација и лобистите се залагаат за глобално признавање“ на Ерменскиот геноцид[251][252]. Турското Министерство за култура и туризам ја препишува идејата за Голема Ерменија на ерменскиот претседател Левон Тер-Петросијан[256]. Според проф. Идрис Бал, Турција смета дека „ерменската политика (и активностите на нејзините моќни групи од дијаспората) од 1989 година се против нејзините интереси за национална безбедност и територијалниот интегритет. Неуспехот на Ерменија да го признае договорот од Карс, заедно со честите јавни наводи кон планината Арарат е прикажана во официјалниот ерменски државен амблем, кој Турција го толкува како знак дека визијата за Голема Ерменија сѐ уште е многу жива“[253]. Според весникот Hürriyet Daily News, некои „експерти за надворешна политика го привлекуваат вниманието на фактот дека Ерменија има територијални претензии кон Турција, цитирајќи одредени фрази во Ерменскиот устав и Декларацијата за независност“[252]. Ерменската декларација за независност била усвоена на 23 август 1990 година и потпишана од Левон Тер-Петросјан, претседател на Врховниот совет, кој станал и првиот претседател на Ерменија во 1991 година[257]. Членот 11 од декларацијата гласи:
Турскиот историчар и политички научник Умут Узер ги карактеризира ерменските територијални тврдења за Источна Турција како „расистичко и иредентистичко барање во однос на територија која никогаш во историјата немала ерменско мнозинство. И овие барања се поткрепени со тврдењата за геноцид, кои всушност го негираат самото постоење на Турција во нејзините сегашни граници“[258]. Поврзано
Наводи
Литература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia