Обединето Кнежевство Влашка и Молдавија
Обединето Кнежевство Влашка и Молдавија или Романски обединети кнежевства (романски: Principatele Unite ale Valahiei şi Moldovei) е името на романската држава во периодот од 1859 до 1881 година. Историја![]() По крајот на Кримската војна, австрискиот режим станал омразен меѓу населението, бидејќи бил потиснат материјалниот и политичкиот живот. Во мировните преговори меѓу Големите сили било одлучено замена на рускиот протекторат со колективен протекторат на земјите кои го потпишале договорот. Во исто време романските емигранти во Париз започнале се појасно да го поставуват прашањето за обединување на двете кнежевства. На едната страна застанале Австрија и Османлиското Царство заедно со Англија која била во добри трговски односи со Истанбул. Од друга страна била Франција, која не сакала Русија да излезе во своите сфери на влијание на Балканот, Средоземјето и Мала Азија, како и Русија која проценила дека едно соединување ќе доведе до слабеење на позициите на Османлиите. Најголема улога во обединувањето на двете дунавски кнежевства имале емигрантите во Западна Европа, посебно во Франција која не се спротивставувала на обединувањето. По крајот на конгресот, австриските сили се повлекле од двете кнежевства, а во 1857 година биле спроведени успешни избори за обединување на двете кнежевства. На конвенцијата од 7 август 1858 било изгласено да се зачуваат двете кнежевства како одделни, но со право да основат заеднички управни органи. Во 1861 година Александар Јон Куза го објавил соединувањето на двете кнежевства, иако тие сѐ уште биле вазални на Османлиското Царство. Во 1861 година во османлиската престолнина била свикана меѓународна конференција која го признала официјално соединувањето на двете кнежевства под името Романија и како вазална земја на Османлиите била до Берлинскиот конгрес. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia