Обична бурница
Обична бурница (Puffinus puffinus) или мал завој е птица со средна големина од редот на цевконосните, семејството морски птици Procellariidae. Научното име на овој вид птица било повеќепати менувано, во XVII век ја викале морската птица од островот Ман. Пафин е англиско-нормански збор кој се користи како термин за излечените примероци на малечките бурници. Атлантската морска птица (наречена пафин) го добила своето име многу подоцна, веројатно поради нејзините слични навики при правењето гнезда.[1] Во Македонија, двата вида, обичната буравесник и средоземната бурница (Puffinus yelkouan) се викаат мал завој бидејќи порано тие се сметале за еден вид. Според списокот на „Авибазата“ на Denis Lepage, оваа птица ја има во Македонија, но нејзиното присуство не е посведочено. Опис![]() Оваа птица е долга 30-38 сантиметри, со распон на крилјата 76-89 сантиметри. Таа има карактеристичен лет, со неколку мавтања на крилјата брцнува во водата и речиси ја допира со врвот на крилјата. Оваа птица изгледа како летечки крст со крилја кои ги држи под прав агол во однос на телото и ја менува својата боја од црна во бела бидејќи горниот дел од телото кој е со црна боја и долниот дел од телото кој е со бела боја, наизменично се изложени на светлина додека лета ниско над морето. ТаксономијаПорано, секој жив примерок од видот Puffinus со средна големина, се сметал за подвид на P. puffinus. Сегашната средоземна и балерска бурница (Sangster et.al. 2002), хјутонскиот, црниот, таунсендскиот, хавајскиот и флутерската бурница сега се сметаат за посебни видови. Од нив, само хавајскиот и можеби таунсендскиот, се блиски до овој вид - манска бурница или бурницата од островот Ман (Austin 1966). Претходниот Puffinus puffinus "супервид" испадна дека е примерок на повеќе или помалку далечна лоза. Меѓутоа, вклучувајќи ги изумрените видови наведени подолу, барем Средоземниот таксион очигледно претставува супервид и тоа со право, и можеби видовите од Нов Зеланд. Исто така, на овој комплекс изгледа му припаѓаат и неколку видови кои веќе се изумрени:
Неразјаснетите остатоци пронајдени на Менорка може да припаѓаат на веќе именуваниот таксион или пак на некој нов; тие не се од балеарската бурница (Alcover 2011) и можат да бидат поблиски до P. holeae отколку до некој друг познат вид, жив или истребен. Таму, исто така, постоеле доцна плиоценски и рани плеистоценски видови познати од Ибица, Puffinus nestori, кои можеби се директни предци на средоземната бурница (Heidrich et al 1998). РаспространетостПретставката Mанов означува потекло од островот Ман, и се должи на некогашната голема колонија на овие птици пронајдени на еден мал остров, јужно од островот Ман. Од таму овој вид беше истребен во периодот на нивното размножување поради ненадејна појава на стаорци по еден бродолом во 18 век, меѓутоа при една неодамнешна контрола се утврди дека овие птици во мал број се враќаат да се размножуваат на истиот остров. ![]() ПоведениеМановите буравесници се долговечни птици. Бурницата која се размножувала на островот Коупленд, Северна Ирска, беше познат како најстара дива птица во светот во 2003/2004 година; една птица на петгодишна возраст била обележана во јули 1953 год, пуштена на слобода и повторно уловена во јули 2003 година на старост од најмалку 55 години. Тие се многу друштвени птици и може да се видат во голем број од бродови или од копно, посебно во есен. Тивки се преку ден на море, но во текот на ноќта колониите каде се размножуваат, живнуваат и испуштаат гласни и пискави звуци. ИсхранаОбичната бурница се храни со мали риби (особено ситни харинги, сардини), ракчиња, полипи и остатоци од фрлена храна во водата. Птицата оди во потрага по храна поединечно или во мали групи, и гледа да ги искористи морските цицачи и јатата на рибите грабливки кои го туркаат својот плен на површината. Овој вид не следи бродови. Размножување![]() Овој вид се размножува во северниот Атлантик, во големи колонии на острови или крајбрежни гребени околу Велика Британија и Ирска. Се гнездат долж северноатлантскиот брег на североисточна Америка од 1970-те години, а оттогаш па наваму, почнуваат да се размножуваат и на југ до Заливот Мејн, со тоа што е потврдено дека еден пар птици се вгнездил на Матиникус Рок. Тие се моногамни птици кои гнездат во дупки и снесуваат едно бело јајце кое го посетуваат само преку ноќ за да го заштитат од големите галеби. На островите обично нема грабливи цицачи (но на островот Рум, околу 4 проценти од пилињата се плен на обичлниот елен кому му треба повеќе калциум.[2]) Се селињеОва е птица преселница која прелетува преку 10.000 километри до Јужна Америка во зима, користејќи ги водите на јужните делови од Бразил и Аргентина[3] така што 55 годишната птица која е спомната претходно веројатно има прелетано преку 1.000.000 километри (не сметајќи ги секојдневните летови во потрага по риба). За една друга птица која била обележана во 1957 година (на околу 5 годишна возраст) и која сè уште се размножува на островот Бардсеј во Велс, орнитологот Крис Мед во април 2002 пресметал дека има прелетано над 8.000.000 км за време на својот 50 годишен живот.[4] ФолклорВо 19-от век новелата за островот Ман „Манкс“ („Жителот на островот Ман“) од Хол Кеин, зборува за сатанистичкиот фолклор кој ја опкружува оваа птица очигледно поради нејзиниот необичен глас и темен изглед. Наводи
Литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia