Редниот број на орденот, соодветен жиг за чистота на металот од кој е изработен и жигот на производителот се втиснати на задниот дел на орденот.
Секој орден и медал има соодветна кутија, во одредена боја, која димензионално одговара на димензиите на одличјата. На поклопецот на кутијата со златовтиснување е името на одличјето.
Лентите за ордените се изработени од маориранасвила во пропишаната боја и димензија.
за особена храброст или за посебни заслуги на полицајци, војници, старешини, полициски единици и воени единици, штабови, команди и установи, кои со својот пример и умешност во раководењето со единицата, односно установата создаваат услови за постигнување на исклучително добри успеси или кои се одликуваат со старешински, полициски и војнички особини што им служат за пример на другите старешини и војници, како и на граѓански лица на служба во вооружените сили на Република Македонија за постигнување на особени резултати од значење за одбраната на Републиката;
на воени и полициски единици и установи за повеќегодишно успешно работење и постигнување на особени резултати во развивањето и јакнењето на безбедносните сили и вооружените сили во Република Македонија и
на припадници на странски вооружени сили за особен придонес за успешно остварување и унапредување на односите и соработката меѓу вооружените сили на нивната држава и вооружените сили на Република Македонија.