Орловица (Ракотинци)
Орловица — археолошко наоѓалиште во скопското село Ракотинци, Општина Сопиште. Претставува населба од неолитското, бронзеното и железното време, што сведочи за мошне раната населеност на ова место. Јован Трифуноски забележал предание меѓу месното население, во кое постои сеќавање дека на ова место постоел „град“ (градиште).[1] МестоположбаСе наоѓа на 2,5 км југоисточно од Ракотинци и на 2 км источно од с. Добри Дол, на самата атарска граница помеѓу овие две села. Лежи на мала висорамнина образувана на миоценско седло.[2] НаодиНа површина од околу 2 ха се пронајдени многубројни остатоци од керамика, камен, коска и куќен лепеж. По површината на плитко ораните ниви преовладуваат остатоци од бронзеното и железното време, додека кај подлабоко ораните ниви се забележува конгломерација на наоди од неолитското време.[2] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia