Ормуриски јазик
Ормуриски јазик (пашту : ارموری ژبه; персиски: زبان ارموری ) познат и како Баракиски, Ормурски, Ормујски или Баргистски ― источноирански јазик што е зборуван во Југоисточен Авганистан и Вазиристан. Тоа првенствено го зборуваат Бурците во градот Канигурам во Јужен Вазиристан и Логар, Авганистан. Јазикот припаѓа на групата источно-ирански јазици. Исклучително малиот број на говорници го прави ормурискиот јазик загрозен јазик кој се смета дека е во „загрозена“ состојба. Ормурискиот е познат по својот необичен звучен инвентар, кој вклучува безгласен алвеоларен трепет кој не постои во околниот паштунски јазик. Ормурискиот, исто така, има безгласни и гласни алвеоло-палатални фрикативи (безгласниот е спротивен со почестиот бегласен палато-алвеоларен фрикатив), кои исто така постојат во вазиристанскиот дијалект на паштунскиот, но можеле да бидат усвоени од ормурискиот поради неговата непосредна близина.[2] КласификацијаОрмурискиот е класифициран под индоевропски, индо-ирански, ирански, источноирански, југоисточноирански и ормуриско-парачиските јазични групи.[3][4] Јазичен статусСпоред Проектот за загрозени јазици, ормурискиот јазик е многу загрозен. Јазикот се користи за општење лице-в-лице, но сепак губи корисници.[3][5] ИсторијаОрмурискиот јазик е користен племето Ормурци/Бараки во делови од долината Канигурам во Вазиристан, Пакистан. Јазикот се користи и во мал дел од покраината Логар, Авганистан.[6] ОрмурциАлтернативно име што е користено од Ормурците е Бараки. Се верува дека имало осум до десет илјади семејства во областа на Логар на почетокот на 19 век и приближно четири до петстотини семејства во Канигурам на почетокот на 20 век. Ормурците не зазема етнички хомогена територија. Во Авганистан, Ормурците живее во мешани заедници и со Таџикистанци и со Паштунци. Додека во Пакистан, Ормурците живеат само со Паштунците.[5] Раната историја на племето може да се следи во книгата на Херодот. Персискиот император Дариј Хистасп; Гувернерот на Египет ги освоил грчките колонии Барса и Кирена во Либија и ги одвел во Египет при нивното враќање од експедиција. Во тоа време, кралот се вратил од својот скитски поход во неговиот главен град Суза. На Бараките им било дадено село во Бактрија да живеат, подоцна наречено Барке. По две илјади и триста и педесет години, селото се уште било населено во 1891 година на истата територија.[2] Ормуриски јазикИмето „ормур“ (мфа: orməṛ) првично било изведено од паштунскиот (што значи оган). Првиот човек кој го спомнал баракискиот бил Бабар, во неговата книга Бабурнама. Ормурискиот, исто така наречен Бирки во тоа време, бил еден од единаесет до дванаесет јазици што ги забележал Бабар додека бил во регионот на Кабул. Познато е дека многу од говорителите на ормурискиот се барем двојазични или тријазични, зборувајќи други племенски јазици како што се паштунски, персиски, дари или каболиски.[2] Пир Рошан (Бајазид Кан) бил еден од првите познати паштунски прозаисти и композитори на паштунски азбуки кој употребил неколку ормуриски зборови во својата книга „Кајрул-бајан“. Неколку од зборовите што се употребени во неговата книга се налати (свињи), нмандзак од маздак (џамија), тештан (сопственик), бургу (пропуст), харамунај (болнороден) итн. Истражување![]() Хикматјар Бурки, исто така, има завршено магистрант за Ормури и го објавил своот труд преку Паштунската академија.[7] Географска распространетостОрмурискиот е зборуван првенствено во градот Канигурам во Јужен Вазиристан, Пакистан. Мало население го зборува и во градот Бараки Барак во покраината Логар, Авганистан.[2] Јазикот го одржуваат речиси педесет приврзаници во Авганистан и околу пет до шест илјади говорители во Пакистан.[5] ![]() ![]() ДијалектиПостојат два дијалекти на ормурискиот; едниот е зборуван во Канигурам, Вазиристан, кој е поархаичен дијалект, а другиот во Бараки-Барак, Логар. Канигурамскиот дијалект не се разбира во Бараки-Барак. Јазичарот Георг Морстине напишал:
Кангурамскиот дијалект моментално е силен, зборуван од релативно просперитетна заедница на Ормурците во изолиран дел од грубите ридови на Вазиристан. Сепак, положбата на баракибарачкиот дијалект не е силна. Морстине напишал дека му било кажано дека:
Ресурси
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia