Кашмирскиот (कॉशुर, کٲشُر, Koshur) е индоевропски јазик, дел од групата на дардски јазици од поголемата група на индоирански јазици.[3] Јазикот воглавно се зборува во Кашмирската долина во Џаму и Кашмир.[4][5][6] Јазикот го зборуваат околу 6,797,587 луѓе во Индија, според пописот од 2011.[7] Во Пакистан јазикот го зборуваат околу 350,000 луѓе, од кои повеќето се емигранти од Индија за време на поделбата на Индија.[1][8]
Кашмирскиот е еден од 22 јазика со службен стгатус во Индија,[9] од ноември 2008 година, кашмирскиот јазик е задолжителен во училиштата во Џаму и Кашмир.[10]
Писмо
Кашмирскиот има три правописни системи, односно се пишува на три писма: шерадско писмо, деванагари и персиско писмо. Латиницата исто така се користи понекогаш за запишување на јазикот, особено на интернет.[2]
Кашмирскиот традиционлно се пишувал на шерадско писмо од 8 век.[11] Денес ова писмо не се користи, освен за религиски цели.[12]
Денес јазикот се пишува на деванагари и персиско писмо.[13] Персиското писмо било во употреба од муслиманскот освојување на Индија и се користело од народот со векови.[14] Сепак, денес ова писмо се поврзува со муслиманските Кашмирци, а деванагари се користи од кашмирските Хиндуси.[14][15]