Таџички јазик
Таџичкиот јазик (таџикистански или таџички персиски) е модерна варијанта на персискиот јазик што се зборува во Средна Азија. Јазикот спаѓа во семејството на индоевропски јазици од иранската подгрупа на јазици. Јазикот е мајчин јазик на таџикистанците и е службен јазик во Таџикистан. Поради историските и политичките причини, јазикот се одделил од порано истиот персиски јазик што се зборува во Иран и Авганистан. Јазикот добил посебна стандардизација и имал големо влијание од рускиот јазик. Таџикистанскиот се засновал на северозападниот дијалект околу градот Самарканд и поради тоа се чувствува и влијание од узбечки јазик. РаспространетостНајзначајните градови каде се збори таџички персиски јазик во Средна Азија се градовите Самарканд и Бухара, денес во Узбекистан. Во овие градови денес има значајно таџичко население, но има и на границата со Таџикистан. Според официјалните податоци на Узбекистан, во државата живеат околу 5% Таџици од вкупното население[1]. Ова не вклучува етнички Таџици кои од различни причини не се изјасниле како такви. За време на СССР Таџиците во Узбекистан имале две можности: или да останат во Узбекистан и да се пишат како Узбеци или да се преселат во послабо развиениот Таџикистан. .[2] Така, грубо гледано, околу 15 до 20 проценти од вкупното население на Узбекистан се Таџици.[3][4] Во Таџикистан, 80% од населението се Таџици и персискиот јазик доминира во државата. Во северен Авганистан, Таџиците се доминантно население, каде во државата има 25% до 30% Таџици. Најголема дијаспора Таџиците имаат во Русија и во средноазиските држави. ДијалектиТаџичките дијалекти се поделени на следните групи:
ФонологијаСамогласки
Согласки
ПисмоВо Таџикистан како и во останатите држави од поранешниот СССР, таџичкиот се пишувал со кирилица, иако до 1930 година се пишувал на латиница и на персиско писмо. Од 1928 до 1930 година се користела латиницата, но била заменета со кирилица која се користи и денес. Во 2008 министерот за култура на Таџикистан изјавил дека кога ќе се запознае целото таџикистанско население со персиската азбука, тогаш кирилицата и латиницата ќе бидат заменети со персиското писмо.[5] ПоврзаноНаводи
Користена литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia