Островски игриОстровските игри (англ. Island Games) се меѓународен повеќеспортски натпревар во организација на Меѓународна федерација за Островски игри (IGA). ИсторијаОстровските игри започнале во 1985 под името „Меѓуостровски игри“ (Inter-Island Games) како дел од Меѓународната спортска година на островот Ман, предвидени само како еднократен спортски настан. Првиот директор на игрите, Џефри Корлет, не се ограничил на островите околу Британија, туку ги повикал на учество и Исланд, Малта, Фарски Острови, Гренланд, Света Елена и Каналските Острови и други. На првите игри учествувале петнаесет острови со 600 натпреварувачи во седум спортови, на вкупен организациски трошок од 70.000 фунти. Натпреварите во атлетски дисциплини се одржале на патека од трева со осум ленти - огромна разлика од денешните игри, што се одржуваат на синтетичка патека во стадион со капацитет за 10.000 гледачи. Првите игри доживеале таков успех, што било одлучено да се одржуваат секои две години. Домаќини![]() ![]()
СпортовиДомаќинот одбира 12-14 спортови за игрите од следниов список: Освоени медалиЕве список на острови со вкупниот број на освоени медали. Кога земјите имаат еднаков број на златни медали, пласманот се определува по бројот на освоени сребрени медали, а потоа и бронзени.
Од 2001 наваму, натпреварувачите од острови со помалку од 10.000 жители (Олдерни, Фокланд, Фреја, Хитра, Св. Елена и Сарк) се натпреваруваат за златни, сребрени или бронзени уверенија, со тоа што среброто се доделува ако има барем 3 натпреварувачи, а бронзата ако има барем 4. Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia