ПУ „Страшо Пинџур“ - Калаузлија

Страшо Пинџур
Поглед на основното училиште
Поглед на основното училиште
Поглед на основното училиште
Место
Општина: Општина Карбинци
Наречено по: Страшо Пинџур
Нас. место: Калаузлија
Адреса: с. Калаузлија
Местоположба

Карта

Основни информации
Настава на: македонски
Контактни информации


Основно училиште „Страшо Пинџур“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Страшо Пинџур“ - Калаузлија; скратено: ПООУ „Страшо Пинџур“) — подрачно основно училиште во селото Калаузлија, составен дел на ОУ „Страшо Пинџур“ од селото Карбинци.[1]

Училиштето е именувано по истакнатиот македонски народен херој Страшо Пинџур.

Местоположба

Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Калаузлија, во непосредна близина на регионалниот пат.

Објект

Селото добило ново училиште со помош на турската организација „Тика“, која во изградбата на училиштето вложила 65.000 евра.[2]

Настава

Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.

Наводи

  1. „ООУ Страшо Пинџур - Карбинци“. www.mkmap.eu.mk (англиски). Архивирано од изворникот на 2023-01-23. Посетено на 2021-02-02.
  2. Бојаџиски, Иван (5 ноември 2010). „Или џамија или меѓународен скандал“. Утрински весник (3423). Посетено на 3 февруари 2021.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya