Калаузлија (Штипско)За други истоимени места, погледајте Калаузлија.
Калаузлија — мало село во областа Јуруклак, во Општина Карбинци, сместено во околината на градот Штип. Географија и местоположбаОва мало село се наоѓа во областа Јуруклак, во средишниот дел на територијата на Општина Карбинци, на северозападните ограноци на планината Плачковица.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 820 метри. Од градот Штип е оддалечено околу 19 километри.[2] Во 2020 година, пристапниот пат до селото, кој се двоел од регионалниот пат Р2431 бил целосно асфалтиран.[3] Во атарот на селото се наоѓа историското село Џумалија. ИсторијаВо XIX век, Калаузлија било село во Штипската каза на Отоманското Царство. СтопанствоАтарот е мал и зафаќа простор од 4,7 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 120 хектари, на шумите отпаѓаат 110 хектари, а на обработливото земјиште 62 хектари.[2] Селото, во основа, нема некоја значајна земјоделска функција..[2] Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 90 жители, сите Турци.[4] Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во селото живееле 83 жители, сите Турци.[5] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Власи и 25 до 50 Македноци.[6] Селото е мало, коешто во 1961 година броело 56 жители, од кои 44 биле Македонци, а 12 жители Турци, а во 1994 година бројот се зголемил на 72 жители, од кои 57 Турци и 15 жители Македонци.[2] Според пописот од 2002 година, во селото Калаузлија живеел 61 жител, од кои 13 Македонци и 48 Турци.[7] Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 51 жител, од кои 7 Македонци, 41 Турчин, 1 Србин и 2 лица без податоци.[8] Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Калаузлија:
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години Општествени установи![]()
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Карбинци, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Карбинци. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот од 1955 до 1957 година селото се наоѓало во рамките на тогашната општина Радање. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Радање, во која покрај селото Калаузлија, се наоѓале и селата Вртешка, Голем Габер, Ебеплија, Јунузлија, Калапетровци, Кепекчелија, Кошево, Курфалија, Кучилат, Кучица, Мал Габер, Мичак, Муратлија, Никоман, Оџалија, Почивало, Прналија, Радање и Шашаварлија. Селото припаѓало на Општина Радање во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Голем Габер, Јунузлија, Калаузлија, Кепекчелија, Кучилат, Курфалија, Мал Габер, Оџалија, Радање и Таринци. Избирачко местоВо селото се наоѓа избирачкото место бр. 2329 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште. Во избирачкото место се опфатени селата Јунузлија, Кепекчелија и Калаузлија.[9] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 87 гласачи.[10] На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 86 гласачи.[11] Културни и природни знаменитости![]()
Редовни настани
Галерија
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia