Прељубиште
Прељубиште — село во Општина Јегуновце, во областа Долен Полог, во околината на градот Тетово. Географија и местоположба![]() Селото се наоѓа во источниот дел на областа Долен Полог, сместено на територија на Општина Јегуновце, на алувијална рамнина од левата страна на реката Вардар.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 400 метри. Од градот Тетово е оддалечено 19 километри.[2] Низ селото поминува регионалниот пат 2242, кој ги поврзува селата Желино и Јегуновце. Прељубиште се наоѓа во котлинската рамнина, еден километар лево од брегот на Вардар. Источно од селото започнува алувијална рамнина која Вардар повремено ја поплавува. На западната страна се наоѓа повисокиот дел од рамнината. Околни села се Туденце на југоисток и Шемшево на југозапад. Водата за пиење се добивала од бунари и пумпи, кои биле во самите дворови. Во селото постои и една чешма. Во атарот на селото има и извори: Јаруга, Зука, Кајнаци, Беќирајца и Изворишта.[3] Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Зука, Горна Јурија, Тулек, Гугојца, Орче, Огради, Пладниште, Вардариште, Рупе, Тумбе, Црешња, Врбица и Лозје.[3] Селото има збиен тип и куќите се групирани во три маала наречени Горно, Долно и Кљукоско Маало.[3] ИсторијаПрвично, старото село се наоѓало западно од денешното Прељубиште, во месноста Огради. Тоа село подоцна било раселено. На споменатото селиште, мештаните наоѓале гробови, руини од цркви и ѕидови од куќи. Денес, таму се наоѓаат ниви.[3] По раселувањето на старото село, преживеаните мештани го основале новото село на денешната положба. Кога е извршено основањето на денешното село, помеѓу мештаните не се знае.[3] Во османлиски даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Калканделен од 1626-1627 година, Прељубиште се споменува како село со 54 домаќинства.[4] За време на отоманскиот период, Прељубиште во поголемиот дел било чифчиско село. Селаните почнале да се ослободуваат од чифчиството кон крајот на XIX век, а целосно се ослободиле во 1912 година.[3] СтопанствоАтарот на селото е мал и зафаќа простор од само 4,1 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 338 хектари.[2] Во основа, селото има полјоделска функција. Во него има неколку услужни објекти.[2] Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Прељубиште живееле 112 жители, сите Македонци.[5] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Прељубиште имало 144 Македонци под врховенството на егзархијата.[6] Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, Прељубиште е село во Шемшевска општина и има 17 куќи со 239 жители.[7] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Македонци и 50 Албанци.[8] Селото е средно по големина. Така, во 1961 година селото имало 370 жители од кои 327 биле Македонци, а 40 жители Албанци. Во 1994 година, селото броело 341 жител, од кои 267 биле Македонци, 65 Албанци, 5 Роми и 4 Срби.[2] Според последниот попис од 2002 година, во селото Прељубиште живееле 367 жители, од кои 270 Македонци, 92 Албанци, 4 Роми и 1 Србин.[9] Но, иако овие податоци се официјални, бројката на Роми е поголема и изнесува околу 25-30, a во последниот попис многумина Роми се попишале како Албанци. Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 339 жители, од кои 210 Македонци, 68 Албанци, 24 Роми, 2 Срби, 2 останати и 33 лица без податоци.[10] Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Прељубиште:
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години РодовиПрељубиште е мешано православно-муслиманско село. Православното население говори македонски, додека муслиманското население говори турски, албански и ромски.[3] Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:
ИселеништвоОд селото се знае за следниве иселеници: Смиљаноски (1 к.), од крајот на XIX век живеат во Требош. Таму дошле од Прељубиште, каде биле староседелци; Косто (1 к.), од 1919 година живеат во Сараќино, таму дошле од Прељубиште, а во Прељубиште дошле од околината на Гњилане и Никушевци (2 к.), живеат во Туденце, потекнуваат од домазет кој дошол од Прељубиште.[3] Општествени установи
Самоуправа и политикаВо XIX век, Прељубиште било село во Тетовската каза на Отоманското Царство. Селото претставува дел од Општина Јегуновце, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година со додавање на поранешната Општина Вратница. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така дел од Општина Јегуновце. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Тетово. Селото припаѓало на некогашната општина Теарце во периодот од 1955 до 1965 година. Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Шемшево, во која покрај селото Прељубиште, се наоѓале и селата Жилче, Јанчиште, Јегуновце, Копанце, Озормиште, Подбреѓе, Раотинце, Сиричино, Туденце и Шемшево. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната Општина Шемшево, во која влегувале селата Озорниште, Прељубиште, Сиричино, Туденце и Шемшево. Избирачко место![]() Во селото постои избирачкото место бр. 2124 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[11] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 318 гласачи.[12] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 313 гласачи.[13] Културни и природни знаменитости
Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia