Паоло Таљавенто
Паоло Таљавенто (роден на 19 септември 1972 во Терни) — поранешен италијански фудбалски судија кој судел во Серија А како и во натпреварувањата под покровителство на УЕФА: Лигата на шампионите и Лига Европа. КариераКлупски натпревариТаљавенто е судија во Серија А од 2004 година, со забележани 87 натпревари како главен судија до денес. Во Серија Б, пак забележал 14 натпревари, додека тој исто така судел двапати натпревари во Купот на Италија во сезоната 2009-2010, како и натпреварот за опстанок во 2009 година. Таљавенто исто така има судено 17 натпревари во европските натпреварувања организирани од УЕФА, а на 8 декември 2010 година, дебитирал во Лигата на шампионите, кога ја делел правдата во натпреварот помеѓу Арсенал и Партизан. Својата кариера како судија ја завршил на 30 мај 2018 година.[1] Репрезентативни натпревариТаљавенто судел и натпревари од квалификациите за Светското првенство, квалификациите за Европското првенство под 21 година и пријателски репрезентативни натпревари.
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia