Париз-Рубе 2015
Париз-Рубе 2015 — 113. издание на велосипедската етапна трка Париз-Рубе. Се одржала на 12 април и била десетта трка во сезоната на Светската турнеја.[1][2] Била освоена од Џон Дегенколб во спринт пред Здењек Штибар и Грег ван Авермат. Дегенколб станал само втор Германец кој ја освоил трката, по победата на Јозеф Фишерс на првото издание на трката. РутаПариз-Рубе 2015 била долга 253,5 километри, малку пократка отколку претходните изданија. И покрај името што кажува дека трката започнала во францускиот главен град, всушност започнала во Компјењ, 80 километри северно од Париз. Трката вклучувала 27 делници со калдрма во вкупна должина од 52,7 километри. Последните 750 метри од трката биле возени на велодромот во Рубе. ЕкипиБидејќи Париз-Рубе е дел од Светската турнеја, сите 17 UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да испратат екипа. На осум професионални континентални екипи им биле доделени специјални покани и така била заокружена групата од 25 екипи. Екипи во Светската турнеја биле: Екипи кои добиле специјални покани биле: Резултати
РасправаТрката била одбележена со несреќна околност, кога дузина велосипедисти небезбедно преминале преку железнички премин, додека рампите биле спуштени. Другите велосипедисти биле спречени од поминување, дури кога полицискиот мотор интервенирал. Неколку секунди подоцна поминал брз воза низ преминот.[3] Француските железници (SNCF) повикале полицијата да ја преземе дејствија по инцидентот, изјавувајќи дека лесно би можело да настане трагедија.[4] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia